• Latest
Фото: Скриншот

Еклатантни антисемитски пораки на про – палестинските демонстрации во Варшава

October 22, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Еклатантни антисемитски пораки на про – палестинските демонстрации во Варшава

October 22, 2023 16:23
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашните  демонстрации за поддршка на Палестина кои се одржаа Варшава, покрај транспарентите и слоганите со поддршка за Палестинците во Појасот Газа, дел од учесниците истакнаа антисемитски пораки и искажаа поддршка за терористичките напади на Хамас врз Израел.

Израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне го осуди маршот како „еклатантен антисемитизам“, и ги повика „полските власти да го запрат овој бесрамен антисемитизам пред да излезе од контрола“ посочувајќи на еден транспарент на кој пишува „Чувајте го светот чист“, покрај сликата на израелското знаме фрлено во канта.

“Pro-Palestinians” in #Warsaw today. Polish authorities must stop this blatant #Antisemitism before it gets out of control.
Warszawa dzisiaj. Polskie władze mają powinność zapobiegania przejawom takiego otwartego antysemityzmu.#NeverAgainIsNow #HamasisISIS pic.twitter.com/QPKAgHneMj

— Amb. Yacov Livne 🇮🇱 (@YacovLivne) October 21, 2023

На социјалните мрежи се појавија информации дека жената која е видена како го држи плакатот со антисемитска содржина е норвешка студентка по медицина во Варшава.

Таа во разговор со новинарот на Некста кажа дека е студентка од Норвешка и даде доста контрадикторни одговори на прашањата на новинарот, како да не беше свесна за содржината на плакатата која ја држи во раце.

“You don’t know what is Hamas? Yeah, I don’t know”

Our correspondent from the scene of the anti-Israel rally, which was held today in #Warsaw, spoke to the protesters. pic.twitter.com/UgLndFfeLw

— NEXTA (@nexta_tv) October 21, 2023

И други учесници на протестот со кои разговараше новинарот на Некста, кои кажаа дека се имигранти од Јордан, Сирија и други блискоисточни земји, изразија поддршка за Палестинците, но и за терористичките акции на Хамас, и на новинарското прашање одговорија дека Израелската држава не треба да постои.

Демонстрациите привлекоа членови на полската муслиманска заедница, која порасна во последниве години во услови на рекордно ниво на имиграција. Меѓу учесниците беше и палестинскиот амбасадор во Полска, Махмуд Калифа.

Друг голем транспарент на кој пишува „Од реката [Јордан] до [Медитеранското] море, Палестина ќе биде слободна“ исто така беше истакнат на собирот. Таа фраза се смета за повик Израел да се избрише од картата.

Фото: Скриншот

Полскиот заменик-министер за надворешни работи Павел Јаблонски исто така го критикуваше истакнувањето на транспарент со антисемитска содржина, за кој кажа дека го прекршува законот и дека истакнувањето на такви транспаренти „апсолутно не треба да се случува“. Тој нагласи дека „повикот на омраза на национална/етничка основа е кршење на законот – и основа за распуштање на собирот“.

To absolutnie nie powinno mieć miejsca. Transparenty wzywające do nienawiści ze względów narodowościowych / etnicznych to złamanie prawa – i podstawa do rozwiązania zgromadzenia.

Odpowiedzialność za brak reakcji spada na @trzaskowski_ i władze m. st. Warszawy.

W przypadku… https://t.co/MxCxoiELDd

— 🇵🇱 Paweł Jabłoński (@paweljablonski_) October 21, 2023

Истакнувањето антисемитски транспаренти токму во Варшава, каде нацистичките окупатори во ноември 1940 година го создадоа Варшавското гето, најголемото од нацистичките гета за време на Втората светска војна и Холокаустот го сквернави сеќавањето на милионите убиени Евреи од страна на нацистите и може да се смета како крајно нечовечно.  Во времето кога Варшавското гето го достигнува својот озлогласен врв, својот врв, таму биле затворени дури 460.000 Евреи, на површина од 3,4 км2 (1,3 , кои едвај издржувале со скудни оброци за храна. Од Варшавското гето, Евреите беа депортирани во нацистичките концентрациони логори и центри за масовни убиства. Во летото 1942 година, најмалку 254.000 жители на гето беа испратени во логорот за истребување Треблинка за време на Гросактион Варшау под маската на „преселување на исток“ во текот на летото. Вкупниот биланс на смртни случаи меѓу затворениците во гетото се проценува дека е најмалку 300.000 убиени со куршуми или гас, во комбинација со 92.000 жртви на глад и слични болести, востанието во Варшавското гето и жртвите од конечното уништување на гето.

Драган Мишев

 

 

Tags: антисемитизамВаршаваИзраелПолскапропалестински демонстрации
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ