Движењето „Еко Герила“ ги повикува граѓаните да ги пријавуваат загадувачите кај Еколошкиот инспекторат.
„Деновиве поради големото загадување на воздухот, многу граѓани пријавија случаи на согорување на материјали и штици од столарија кои содржат бои и лакови со хемикалии од страна нанивните соседи.
Доколку сакаме да ги спречиме овие загадувачи, граѓаните треба да ги пријавуваат овие случаи до oпштинскиот инспекторат за животна средина со адреса и име на загадувачот на бесплатниот телефонски број 0800-55-043“, стои во соопштението на организацијата.
Оттаму потенцираат дека недостигот на одржлива алтернатива за греење во текот на сите овие години, големиот број на возила без еколошки стандарди, недостатокот од јавен превоз, нечистењето на правливите улици и нестандардното градење, како и индустриските капацитети се главните причини за загадувањето во Тетово.