„Она што може да се забележи, генерално во Извештајот на Репортери без граници, во Индексот на слободата на медиумите, освен економијата е тоа што таквата економска ситуација влијае на затворање на многу медиуми ширум светот“, поентираше Биљана Јордановска на КОЛЕГИУМОТ на ЦИВИЛ „За медиумите, за слободата, за манипулациите и пропагандата“.
„Ова е пред сѐ забележано во САД кои што се наоѓаат на 57 место и имаат пад од 2 места оваа година. Најкритична е состојбата во Палестина, која не е само критична туку е катастрофална. Убиени се, чисто за потсетување, иако ги знаеме и сме пишувале за овие работи, речиси 200 новинари и е поради целосната блокада на Појасот Газа повеќе од 18 месеци. И се разбира, и Украина е тука, која, што велат, да не е помошта што ја добиваат украинските медиуми од своите пријатели од страна, тие тешко дека би можело во вакви услови на војна да преживеат и да даваат релевантни информации од теренот“, додаде Јордановска.
монтажа: Ариан Мехмети
НАМЕСТО СООПШТЕНИЕ: Најновото жестоко издание на подкастот КОЛЕГИУМ на тема медиуми