Со дваесет говорници во извонредно динамична четиричасовна агенда, денеска ќе се одржи конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Перспективи 2021“, со почеток во 11:45 часот. Главното прашање на Конференцијата е: Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за Северна Македонија во претстојната година?
ЕУ интеграции, попис, избори, образование, борба против Ковид-19 и вакцинација, реформи, правда, антикорупција, борба против дезинформациите, технологии и иновации – се дел од темите кои ќе бидат опфатени во одговорите на 20-те учесници на конференцијата „Перспективи 2021“.
Министерот за здравство, Венко Филипче, директорот на ФИТР, Коста Петров, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, професорките Катерина Колозова и Беса Арифи, градоначалникот на Гостивар и еден од лидерите на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, претседателката на СОЖМ, Савка Тодорова и низа други ќе ги слушнеме и видиме на оваа конференција.
Конференцијата ќе биде пренесувана во живо, на Фејсбук профилот и на видео каналот на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ Тим за комуникации