• Latest

Експертите тврдат: Во земјава не постои систем за ефикасна контрола на транспортните компании

November 27, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Експертите тврдат: Во земјава не постои систем за ефикасна контрола на транспортните компании

November 27, 2021 12:15
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Контролите што се спроведуваат во превозот на патници со автобуси и комбиња не се строги, не се редовни и се без резултати. Постојат делови од различни институции кои функционираат независно едни од други, без директна поврзаност меѓу истите. Државниот инспекторат за транспорт и да има 100 инспектори, тие нема да можат ниту основните контроли да ги направат како што треба. Ова е мислењето на Дејан Трпевски, судски вештак за сообраќајни незгоди и сообраќаен инженер.

„Главниот проблем за вршење на квалитетна контрола е непостоење на систем кој ќе овозможи ефикасна контрола на транспортните компании“, вели за Мета.мк Трпевски, додавајќи дека не постои доволен и навремен проток на информациите помеѓу институциите, па поради тоа транспортерите имаат поголема комоција во заобиколување на законите.

„Во последните денови ако внимателно се следи состојбата со истрагата за последната сообраќајна незгода ќе забележите потполна дисхармонија помеѓу институциите. Најопасно е што никој не се обидува да создаде систем кој ќе функционира“, објаснува тој.

Дејан Трпевски ја коментира изјавата на директорот на Државниот инспекторат за транспорт, којшто рече дека тие вршеле контроли кај компанијата чиј автобус учествуваше во несреќата во Бугарија, но не знаеле дека предметниот автобус постоел и затоа не извршиле контрола на истиот. Недостатоците во законите ги користат автотранспортните компании за истите да ги заобиколат, вели Трпевски.

Тој предлага конкретни законски измени за да се формира функционален систем на контрола. Појдовна точка треба да биде, вели Трпевски, поврзувањето на станиците за технички преглед во системот. Сите заинтересирани институции да можат автоматски да ги добиваат податоците од технички преглед, вклучувајќи го и Државниот инспекторат за транспорт.

Овој инспекторат ќе треба да биде електронски поврзан со базата на лиценци и изводи од лиценци за превозните средства на Министерството за транспорт и врски, за да може во било кое време да има податоци за состојбата, а не да бара информации од министерството.

„Граничните премини да бидат електронски поврзани со системот за лиценци и технички станици со што на граничните премини би се спречило преку граница да помине возило кое е нерегистрирано или кое нема лиценца“, потенцира Дејан Трпевски.

Тој предлага и да се дефинираат лиценци за правни лица кои ќе бидат наменети за одржување на автобусите, кои ќе ја гарантираат нивната безбедност во поглед на извршените поправки.

„Да се оневозможи одржување на автобусите во сервис без лиценца. За прекршување на прописите да се предвидат драконски казни“, дециден е Трпевски.

Во поглед на возачите, ваквиот систем би морало да се поврзе и со Агенцијата за вработување, од каде по електронски пат би се црпеле податоци за вработените возачи во компаниите. Ако некој возач даде отказ кај превозникот, за тоа Државниот инспекторат за транспорт мора веднаш да ја има информацијата, по што би следел инспекциски надзор дали автотранспортната компанија го има законскиот минимум на број на возачи.

Дејан Трпевски додава дека во моментов добивањето на лиценца за превоз на патници од Министерството за транспорт и врски е премногу лесна и едноставна постапка, а одземањето на лиценцата е тешко и комплицирано.

„Потребно е максимално да се отежне процедурата за добивање на лиценци и да се подигнат трошоците за водење на таквиот бизнис, а максимално да се упростат и поедностават процедурите за одземање на лиценцата. На тој начин на пазарот ќе останат само сериозните компании кои на сериозен начин ќе пристапат кон нудењето на услугите за превоз на патници“, дециден е Трпевски.

Тој додава дека со закон треба да се ограничи бројот на издадени лиценци, како би можеле автотранспортните компании да функционираат на пазарна основа, а ова може да се организира и по градови во однос на бројот на издадени лиценци.

Со воспоставувањето на еден ваков систем во земјава, и контролите врз превозниците ќе бидат ефикасни и полесни, но и ќе се оневозможат манипулации кај превозниците.

Дека има нелогичности во функционирањето на целокупниот систем за автобуски превоз на патници, Мета.мк можеше да осознае и при само еден пример, а тоа е проверка на цената на автобуските билети за неколку странски дестинации. На социјалната мрежа Фејсбук најдовме понуди од различни автотранспортни компании за патување од Скопје кон Софија, но и од Скопје кон Истанбул.

Па така, откривме дека повратен автобуски билет меѓу Скопје и Истанбул може да се купи и по цена од 25 евра. Истовремено, други превозници продаваат билет во двата правци меѓу Скопје и Софија, којшто чини поскапо. Притоа, растојанието меѓу двата града е околу 250 километри, додека растојанието меѓу Истанбул и Скопје е над 800 километри.

Од Бугарија го контактиравме и професорот Симеон Ананиев, професор на Универзитетот по транспорт „Тодор Каблешков“ во Софија. На прашањето како е возможно со ваквите нелогични цени на автобуските билети меѓу Скопје, Софија и Истанбул, автотранспортните компании да остварат профит, тој накратко ни спомена дека веќе во Бугарија се отвора прашањето за подмитувањата на цариници, а медиумите пишуваат и како се вршела контрола на автобусите од бугарската царина.

„Ако не се проверувани и од македонските цариници, цената на патување може да е не 25 евра, туку 5 евра“, објаснува професорот Ананиев.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ