• Latest
Скриншот од видео на Blic TV

Експлозијата во Белград начна сомнеж за ангажман на Македонец во сомнителна мисија

October 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Експлозијата во Белград начна сомнеж за ангажман на Македонец во сомнителна мисија

Во оптек за мотивот на овој настан се две теории – според официјалната опција потенцијалниот атентатор сакал да се пресмета со дилер со дрога, ама се јавија и гласини дека позадината е политичка и има врска со 10-то месечните судири меѓу студентите и претседателското опкружување околу палатата во Пионерскиот парк во Белград

October 17, 2025 09:57
in ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, СТАВОВИ
Скриншот од видео на Blic TV

Скриншот од видео на Blic TV

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Во деновите кога кај нас се одбележуваше 30-годишнината од атентатот врз претседателот Глигоров, инаку речиси комплетно нерасветлен, често се споменуваше врската на тој настан со белградското милје. Она политичкото, околу тогашниот претседател Милошевиќ, но и околу криминалната монструозна полу подземна, полу надземна конструкција во која царуваше познатиот Аркан. И последниот осврт на авторите на емисијата „Код“ на ТВ Телма укажуваа на тие опции.

Претходно на овој настан се осврнуваше во своите чести гостувања во „Центар“ на Васко Ефтов добриот или поточно пре добриот познавач на белградското крими и политичко милје, Томо Аврамски. Тој стоеше на мислењето дека зад атентатот стои тутунската мафија од целиот регион, која оценува дека активноста на сега покојниот македонски претседател го спречува бизнисот на оваа меѓународна групировка.

Овој вовед е значаен бидејќи не е наивен по својот мотив еден друг криминоген настан кој на 1 октомври годинава се случи во една улица во центарот на Белград во која загина македонски државјанин. Констатирано е дека Мартин Сипковски (21), бил убиен заради невнимателен обид да направи експлозивна направа која требала да се употреби. Каде и зошто?

За ова никој не дава официјален одговор. Белградските таблоиди, кои секако не се без синергиска поддршка од официјалниот режим, веднаш вперија прст кон ангажман за наводно убиство на некој дилер со дрога (!), но бргу замолчеа бидејќи имале знак овој настан едноставно да се заборави. Очевидно е проценето дека мамецот за мотивот излегол премногу наивен. Вторите гласини се насочени кон тоа дека Сипковски таа направа сакал да ја искористи кон некоја акција на студентите кои на некои кругови им одат на нерви со својата долгорочна стратегија на отпорот, а по втора дека требал таа направа да ја фрли во познатиот „Ќациленд“, во средиштето на телохранителите, главно криминалци кои се сега телохранители на претседателот Вучиќ, за потоа власта да гги обвини студентите (одново се тие во прашање) дека напаѓаат во срцето на „одбраната на вистинските вредности“ на Србија.

Да се вратиме на експлозијата – таа се случила на 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска. За оние кои не го познаваат Белград да кажеме дека тоа е улица која излегува пред сегашното Собрание на Србија одзади, на задниот, службен влез. Се работи за постари згради, но на  добра позиција за било какво дејствување во центарот на градот и близу до две официјални институции – споменатото Собрание (некогаш на Федерацијата) и Претседателската палата. Не треба да се објаснува што се случува со месеци на тој простор, веднаш зад аголот.

Според неофицијални информации, во станот имало околу 1,5 килограми „Пентрит“, кој го разнесе станот што го изнајмил споменуваниот млад човек и оштети уште два стана и автомобили на улицата. Неговиот идентитет е утврден за време на обдукцијата и размената на податоци меѓу српската и македонската полиција во врска со трагите од ДНК. Станува збор за млад човек кој има дебело криминално досие. Утврдено е дека Сипковски избегал од домашен притвор пет дена пред експлозијата и дека од нашите органи бегството не било спречено.

Мартин Сипковски претходно им бил познат на органите на прогонот во Северна Македонија, а минатата година бил споменат во македонските медиуми како млад човек кој „го заменил ракометот со улога во светот на модата“. За него се пишувало како за првиот Македонец кој потпишал договор со престижна модна агенција во Истанбул, а воедно бил студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопјe. Како што се пишуваше во тоа време, тој го напушти ракометот, кога играл за РК „Вардар“, поради повреда на вратот.

Мартин Сипковски материјалот за бомбата ја добил од Филип В. (26) кој набргу биле уапсен под тоа сомнение. Истиот се бранел дека експлозивот само му го дал на чување. Не сакал да каже ништо повеќе – кој му го дал и зошто. Во прв момент беше јавено дека Филип В. бил државјанин на БиХ а потоа тој факт се прескокнува. Не се споменува, но е битен момент, бидејќи укажува на афера со најмалку двајца странци, кои индиректно секако може да се дел од т.н. српски свет.

Експлозија на третиот кат

Со длабока болка и неверување, Дејан Сипковски, таткото на загинатиот 21-годишен Македонец Мартин Сипковски, се огласи со јавно соопштение по трагичната експлозија во Белград во која неговиот син го загуби животот.

„Мартин имаше само 21 година. Беше студент на Факултетот за менаџмент, манекен и поранешен ракометар на РК Вардар — млад човек со многу енергија, големи соништа и надежи за иднината“, пишува во своето обраќање таткото.

Сипковски објаснува дека неговиот син бил „бунтовен, како и многу млади луѓе“, но никогаш не бил насилен и никогаш не би направил нешто што би загрозило туѓ живот.

„Имаше детски и пубертетски грешки, но никогаш не бил дел од тежок криминал. Една година беше во домашен притвор во Македонија, во рамки на истрага што од самиот почеток беше сомнителна, бидејќи сите докази укажуваа дека тој не бил присутен на местото на настанот“, наведува таткото.

Тој потенцира дека Мартин не бил првообвинет во случајот, туку подоцна бил вклучен во процесот, додека вистинскиот првообвинет „одамна е избеган во Белград и има сериозно криминално досие“. Ова е секако

„Нашето семејство смета дека ваквиот тек на настаните е длабоко неправеден и бараме сериозни одговори – како и зошто Мартин бил вовлечен во нешто со што немал никаква вистинска поврзаност“, истакнува Сипковски.

Според неговото сведочење, Мартин бил исплашен и разочаран од системот, особено по изречената пресуда која, како што наведува семејството, не била оправдана.

„Семејството очекуваше дека со жалбата ќе биде ослободен. Но, пред тоа да се случи, замина во Белград – исплашен, збунет и, како што веруваме, измамен и злоупотребен од луѓе кои ја искористиле неговата доверба и страв“, вели таткото.

Тој додава дека постојат сомнежи оти Мартин бил наведен и наместен, изложен на притисок да побегне во Србија, со лажни ветувања дека ќе може да замине во трета држава.

„Затоа бараме целосна, темелна и објективна истрага – не само од српските, туку и од македонските институции. Вистината мора да се открие до крај“, порачува тој.

Факт е дека Сипковски бил не правосилно осуден на затворска казна од седум години за кривично дело „обид за убиство“, за кое таткото пишува и во писмото. Пред судот, докажувал дека нема никаква вина, како и дека исказите од сведоците се лажни и преправани. Во Обвинителството се воделе и други предмети за него. Тогаш пак зошто му е одреден само домашен притвор? И за тоа треба да се отвори предмет, последицата е далеку од наивна. Оној кој донел одлука дека Мартин во притвор може да чека предметот да дојде до Апелација, посебно во ситуација кога првообвинетиот избегал за Србија (ова веројатно се претпоставува) направи двојна грешка, а за тоа како се чува границата и да не говориме.

Студентите не се огласија со свое мислење за овој настан и секако имаат за тоа основ да молчат а официјалната политика ќе настојува што побргу да го заборави овој настан. И тука мотивите се наѕираат. Но ние имаме работа од друг вид во овој случај за кој се гледа дека постои некаква конекција меѓу правосудните власта и дејствувањето на подземјето.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Глобус.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ