Новост на даночните служби на Македонија е дека од 2019 година, граѓаните ќе го пријавуваат данокот во електронска форма, односно од Управата за јавни приходи на граѓаните ќе им испраќаат на е-маил адреса пресметка на данокот за фискалната година. Граѓаните треба електронски да ја потврдат, наместо да чекаат редици пред шалтер.
Но тука нешто не штима, бидејќи самиот систем се нарекува електронски, но, всушност работата е пола пола, граѓаните прво мора електронски да се регистрираат и потоа се обврзани да одат на шалтер во УЈП каде што им маваат печат на испринтана хартиена пријава и на тој начин се регистрираат – електронски. Овој начин на „електронско“ пријавување ги иритира граѓан(к)ите, бидејќи повторно мора да чекаат редици пред шалтер, а не како што новата власт вети дека граѓаните нема повеќе да висат на шалтери.
Ариан Мехмети