• Latest

Емотивен предговор кон книгата „Неправда и немир“

May 29, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Емотивен предговор кон книгата „Неправда и немир“

May 29, 2018 14:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Неправда и немир“ е збирка од колумни, претежно од авторките и авторите кои се дел од ЦИВИЛ и редакцијата ЦИВИЛ Медиа, но и блиски соработнички и соработници кои ја поддржуваат организацијата со години наназад. Во оваа книга се објавени и колумни од авторки и автори со чии ставови можеби и не се согласуваме како организација, но медиумската платформа на ЦИВИЛ е простор за изразување на сите, тоа е форум за различни мислења и дијалог во општеството.

Оваа книга е избор од колумните објавени во рубриката МИСЛА на www.civilmedia.mk. Ова е збирка на различни мисли, ставови и чувства изразени во првата година по падот на еден долгогодишен режим во кој слободата на изразувањето беше третирана како крајно непријателска и предавничка активност. Со оваа книга се обидовме да дадеме придонес кон тешката трансформација на општеството од заробено во слободно, во време кога медиумите сѐ уште се прпелкаат во полумракот и неуспешните обиди да се претстават како независни.

Собрани на едно место, голем дел од овие текстови можат да послужат како водич низ турбулентната македонска реалност, но и како елаборат за вистински реформи и демократска трансформација. Администрацијата, министерствата и разните државни агенции и јавни установи треба да се препознаат овде и да го сфатат ова четиво и како упатство и како опомена истовремено. Ништо не им вредат затворените кругови во кои тие „транспарентно“ носат одлуки за сите граѓанки и граѓани. Треба да погледнат овде, бидејќи на овие страници се наоѓаат искрени и длабоки согледувања на состојбите, настаните и процесите.

Горд сум што сум дел од екипа која никогаш не се предава и секогаш е на страната на граѓанките и граѓаните. Оваа книга е само скриншот од нашата неуморна работа. Додека оваа книга да влезе во печат, на нашата медиумска платформа ќе се објават уште најмалку десет значајни колумни, а на нашите социјални профили ќе има стотици реакции…

Слободно. Независно. Отворено. – гласи мотото на медиумската платформа што ја развиваме со години.

Ќе додадам само: работиме, говориме и пишуваме без калкулации и компромиси, без фолирање и додворување. Секогаш искрени и посветени до крај. Тоа сме ние, ЦИВИЛите!

Срдечно Ваш,

Џабир Дерала

ЦИВИЛ

 

 


инфо за ПРОМОЦИЈА

Tags: @активизамизданијаНеправда и немирпредговорЦивил
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ