Во видеото објавено на Твитер налогот на поранешниот новинар на Гардијан и Телеграф, Алек Лун, се гледа како Путин како се нервира додека го чека Ердоганда дојде да го поздрави. Видеото е снимено пред состанокот во вторник во Техеран, и на него се гледа како Путин ја префрла тежината од нога на нога и прави серија гримаси за камерите речиси цела минута,
„Ердоган му дава малку вкус на Путин од сопствениот лек“, напиша Лун на Твитер.
Erdogan gives Putin a little taste of his own medicine pic.twitter.com/hY8RNuJRek
— Alec Luhn (@ASLuhn) July 19, 2022
Според одредени шпекулации, најверојатно станува збор за одмазда на Ердоган за средбата во Москва во 2020 година, кога беше оставен долго да чека за Путин да влезе во салата за состаноци, што мораше да седне.
На видеото се гледа моментот кога Путин влегува во собата во вторникот, очекувајќи дека Ердоган брзо ќе го следи . Наместо тоа, тој остана да стои. Во моментот кога Ердоган му приоѓа, Путин видно изнервиран ги крева рацете.
Д.Мишев