Директорски позиции за Виктор Димовски и на поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Есад Рахиќ.
Oдлуките за двајцата попладнево поминаа на седница на влада, и се предвидува поранешниот разузнавач и досегашен државен секретар во МНР, Димовски да седне на челната позиција во новоформираната агенција за национална безбедност. Есад Рахиќ пак е новиот директор на истражниот затвор во Шутка.
Рахиќ доаѓа на местото на досегашниот директор Ѓоко Котевски кој си поднесе оставка во февруари заради инцидентот со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност e Виктор Димовски. Дипломатот покрај позицијата државен секретар во МНР, во минатото беше амбасадор во Србија и Црна Гора и Израел.