• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

ЕУ анализи: Разговорите Трамп-Путин за мирот во Украина „нов Минхен ’38“ или реконструкција на светскиот поредок

February 16, 2025
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

ЕУ анализи: Разговорите Трамп-Путин за мирот во Украина „нов Минхен ’38“ или реконструкција на светскиот поредок

February 16, 2025 09:50
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на Кремљ, Владимир Путин предизвика стравувања во ЕУ и НАТО на Европа да бидат целосно настрана во мировните преговори во Украина, па дури и стравувања од реконструкција на меѓународниот поредок и „нов Минхен 1938“, предупредуваат аналитичари и медиуми во ЕУ.

Официјални претставници на ЕУ, како што се лидерите на Германија и Франција, нагласуваат дека преговорите за прекин на војната и траен мир во Украина мора да ги вклучат и Киев и европските држави, а не само Вашингтон и Москва, за да се постигне траен мир и безбедност на стариот континент.

Француската министерка за одбрана Силви Гулар смета дека „Америка се оддалечува од Европа“ и нагласува дека „Европската унија, за да се прошири, мора и да ги зајакне и брани правилата на правдата во светот кој станува џунгла“.

Швајцарскиот весник „Тан“   пишува дека „мора да се соочиме со хаотичната реалност дека Украина и нејзините европски сојузници повеќе не можат да сметаат на САД“.

Германскиот портал „Евроинтелиџенс“ ги побива оценките дека американско-руската формула за мир би значела капитулација, предавање на дел од украинската територија на Русија како „нов Минхен 1938 година“ и посочува дека „оние кои ја поддржувале испораката на оружје за Украина не зборувале за огромните трошоци за постигнување победа“.

„Немаше друг план… и логично е Трамп и Путин да го решаваат ова, бидејќи немаше да има решение доколку Каја Калас беше на маса“, забележува германскиот портал за надворешна политика на ЕУ, поборник за поддршка на Украина по секоја цена. И, како што заклучуваат, „Украина ќе изгуби одредена територија како дел од мировното решение, бидејќи тоа ја одразува и воената ситуација на теренот“.

Европските партнери на САД се тешко погодени од изјавите на најблиските соработници на Трамп дека Европа не успеала да ја одбрани слободата на изразување и другите заеднички демократски вредности и дека мирот во Украина значи дека Киев не може да стане членка на НАТО и мора да жртвува одредена територија.

Сојузниците на НАТО не ја криеја својата длабока загриженост поради пораката на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет дека „мора да биде јасно дека нема да има американски војници во Украина… и стариот континент мора да обезбеди убедливо најголема идна помош за Киев“.

Францускиот дневен весник „Les Echos“ наведува дека „тоа не се прави меѓу пријателите и сојузниците“ и забележува дека „се чини дека за само еден месец сојузот што го создадоа западните победници во Втората светска војна, зајакнат во Студената војна, се распадна на парчиња“.

Ладен туш до Европејците дојде и од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој изјави дека „Украина има мали шанси да преживее без поддршка од САД“.

Но, самиот германски канцелар Олаф Шолц јасно стави до знаење дека секое идно решение за запирање на војната, особено кога станува збор за безбедносните гаранции за Украина, нема да биде можно без САД.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека само Украинците во мировните преговори со Русија можат да го отворат патот за цврст и траен мир, но нагласи дека ако „претседателот Трамп навистина може да го убеди Путин да ја прекине агресијата врз Украина, тогаш тоа е одлична вест“.

Макрон се осврна и на веќе раширеното верување дека се појавува нова ера со доаѓањето на Трамп во Белата куќа и заклучи дека Европа „сега мора да заборави на моделот на кој го имавме кинескиот пазар за продажба на нашите производи, американскиот воен „чадор“ за безбедност и евтин руски гас.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ