• Latest

ЕУ да вложи напори за одржување на првата меѓувладина конференција до декември

November 21, 2020
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЕУ да вложи напори за одржување на првата меѓувладина конференција до декември

November 21, 2020 10:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Германското претседателство со Европската Унија ќе продолжи да работи на тоа да се одржи прва меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија во декември и треба да се направат напори за остварување на оваа историска одлука на ЕУ. Унијата треба да го препознае она што го постигна земјава во изминатите три и пол години. Ова се пораките што вчера ги упатија високи државни претставници по повод овонеделната бугарска блокада, дека земјава продолжува да работи до последен момент за изнаоѓање решение со Бугарија, без да се доведе во прашање јазикот и идентитетот.

„Треба да се направат сите напори за операционализирање на историската одлука на Европската Унија за отворање преговори со Северна Македонија, со цел одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на 2020 година за време на германското претседателство со ЕУ“, се согласија вчера на средба премиерот Зоран Заев и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Премиерот Заев подвлече дека Владата е цврсто посветена на својата агенда за интеграција во Европската Унија, што е стратешка цел на земјата, при што додаде дека заклучоците на Советот на ЕУ од март 2020 година, потврдија дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори со ЕУ.

Амбасадорот Гир исто така ја истакна важноста на постојаните напори за решавање на отворените билатерални прашања и ја поздрави заложбата на Владата да продолжи да напредува во спроведувањето на реформите поврзани со Европската Унија, кои пред сѐ, се во интерес на сите граѓани, но и важни за приближување на Северна Македонија кон ЕУ.

Премиерот Заев  и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз на вчерашната средба констатираа дека двете држави посакуваат преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија да започнат до крајот на годинава, како влог во стабилност на регионот и како важен процес за обезбедувањето просперитет за граѓаните.

Според Заев и Брнз, решавањето на билатералните прашања треба да остане надвор од преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ, а секое противење или оневозможување на овој процес е на директна штета на кохезијата на трансатлантското семејство на народи и спротивно на интересите за стабилност и демократија во регионот.

Претседателот Стево Пендаровски не очекува во наредните неколку недели да се постигне договор со Бугарија со што би се деблокирал патот на Северна Македонија кон ЕУ. Бугарија вели тој, драстично ја променила политиката кон земјава во изминатите неколку месеци. Со таква политика, според него, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков. Сепак, вели дека решение треба да продолжи да се бара во иднина, но само преку научни и историски факти, а не политички.

Пендаровски вели дека политиката на Бугарија за блокирање на земјава во напредокот за членство во Европската унија не е поддржана од ниту една земја членка. Информациите коишто ги имаме од Брисел, како што потенцира, велат дека ниту една земја или државник не го поддржува ветото од официјална Софија, за старт на отпочнување на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во меѓувреме во интервју за виенски „Стандард“ рече дека денот кога Бугарија стави вето за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија не беше добар, ниту за Европа, ниту за европската перспектива на нашиот регион, а особено не за нас.

Тој потенцира дека бугарското вето испраќа многу лош сигнал за регионот на Западен Балкан дека ЕУ не го препозна она што досега го постигна земјава, која во последните три и пол години ги реши проблемите со соседите, направи големи чекори кон отворено, демократско и мултиетничко општество и спроведе реформи за изградба на правна држава.

Сепак, според Димитров, сега сакаме да го спречиме очајот и национализмот и затоа и доколку не можеме да го одблокираме бугарското вето, се свртуваме кон пријателските држави од Унијата, за да можеме да ги постигнеме европските стандарди без процесот на пристапување кон ЕУ.

„Ако нашиот процес на пристапување се сведе толку многу на билатерален проблем што дискусиите за историјата ќе станат поважни од борбата против корупцијата, независноста на судството, функционирањето на демократските институции, слободата на медиумите, околината и енергијата, тогаш тоа не е процес кој европеизира, туку процес кој балканизира. Затоа нам ни е потребна реформска агенда со мрежа на пријатели кои се тука да ни помогнат и мораме да си поставиме јасни цели и да работиме на нив. Бидејќи не би требало да губиме време“, вели Димитров.

Вицепремиерот нагласува дека земјава не се откажува од разговари со Софија, но потенцира дека нема да преговараме за тоа кои сме и кој јазик го говориме.

„Тоа е дел од еден историски процес, а не политичка одлука. Ние му ја должиме на нашиот народ заштитата на своето достоинство и идентитет“, истакнува Димитров, додавајќи во Европа во 21 век не би требало да има простор за ваква расправа, бидејќи нашиот јазик е наша работа, а ставањето под знак прашалник на јазикот и идентитетот на соседот не е добрососедство, а во 2020 година не е ни пристојно.

Вицепремиерот за евроинтеграција потенцира дека тоа „кои сме ние – имено Македонци – и кој јазик го говориме – имено македонски“ – е всушност внатрешно прашање и прашање на самоопределба.

„Тешко е да се разбере дека во член 3 од Договорот од Лисабон, ЕУ го признава почитувањето на културната и јазичната разноликост, а истовремено македонскиот јазик претставува пречка за почеток на пристапни преговори. Ова не е предизвик само за нас, туку и за Европската Унија како заедница на вредности. Овде, во регионот, ние имаме богата историја, но очигледно не успеваме да создадеме доволно иднина“, истакнува Димитров.

Тој потсетува дека со Договорот со Бугарија беше формирана Мешовита комисија од историчари, кои треба да расправаат за историски прашања, но, како што нагласува, во последните неколку недели и месеци расправата за историските прашања стана доминантна и го поткопува политичкиот процес и меѓусебните односи.

„Бугарските историчари ги отфрлија оние извештаи во кои се појавуваше придавката „македонски“. И така ова прашање на идентитет стана пречка во работата на Комисијата. Но искрено: доколку совршениот договор на сите страни за историските прашања би бил предуслов, тогаш Европската Унија никогаш немало ни да се создаде. Во модерната наука концептот на „историска вистина“ е застарен. Сега се говори за мултиперспективизам. При пристапувањето треба исто така да станува збор за тоа, за усвојување на правото на Заедницата и европските принципи, а не централно прашање да биде историјата“, истакнува вицепремиерот за европски прашања.

Димитров нагласува дека земјава има огромна поддршка за старт на пристапните преговори, додавајќи дека германското претседателство со Унијата ќе продолжи да работи на тоа да се одржи прва меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија во декември.

Словенечката европратеничка Тања Фајон за белградскиот весник „Данас“ истакна дека  ЕУ не може повторно да ја изневери Северна Македонија, која повеќе пати потврди дека за неа нема алтернатива на патот кон ЕУ и на добрососедските односи со Бугарија.

„Не можеме повторно да ги изневериме. Ние мора да најдеме решение со Бугарија во духот на дијалогот и да ја вратиме нивната доверба во овој процес. Земјите членки имаат уште една можност да одлучат до крајот на годината и да ја отворат вратата на ЕУ за нашите пријатели од Северна Македонија, бидејќи тие тоа го заслужија“, вели Фајон, која е претседател на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Европскиот парламент.

Според бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија Илхан Ќучук треба да се искористи Договорот за добрососедство како шанса да се најде начин нашата земја да ги почне преговорите со ЕУ бидејќи поддршката од германското претседателство нема да се повтори од следниот претседавач Португалија и тоа може да доведе до застој на Македонија со големи последици.

Ќучук за емисијата Еврофокус на телевизија Телма вели дека начин има, само треба волја потенцирајќи дека се друго освен почеток на преговори ќе биде пораз на европските политики на Балканот.

„Договорот од 2017 година го гледам како процес. Многу пати Договорот од Преспа се споредува со договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија од 2017 година. Тие се многу различни. Решаваат многу различен вид проблеми. Додека Договорот со Грција става крај, става точка на еден процес кој бил во минатото. И тој во голем степен ги решава билатералните прашања“, истакна Ќучук.

Портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на брифингот со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали Грција, како што беше случај по француското вето за Северна Македонија, размислува и сега, по бугарската блокада да преземе конкретни иницијативи, ја повтори поддршката и позицијата на Грција од Солунската агенда до денес во однос на европската перспектива на земјите од регионот.

Папајоану повтори дека Грција речиси 20 години има непроменета позиција за ЕУ иднината на Западен Балкан.

„Имаме кажано дека секогаш врз основа на исполнетоста на условите, ја поддржуваме европската перспектива. Исто така, имаме кажано дека сакаме да го помогнеме интегративниот тек на овие земји, бидејќи веруваме дека нивната интеграција ќе помогне во пошироката стабилност на регионот и оваа позиција и до денес важи и ќе продолжи да важи. Ова е нашата цврста позиција, ова го следиме“, објасни Папајоану.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали договорите поврзани со историски, јазични или идентитетски теми треба да бидат предуслов за почеток на пристапни преговори и за проширувањето на ЕУ, портпаролот на грчкото МНР посочи дека од Европскиот совет во Копенхаген во 1993 поставени се политичките и економските критериуми врз основа на кои една земја може да биде кандидат за членство.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ