• Latest

ЕУ и Германија остануваат силно посветени, Британија ги удвојува фондовите за поддршка на Македонија

July 11, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЕУ и Германија остануваат силно посветени, Британија ги удвојува фондовите за поддршка на Македонија

July 11, 2018 12:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј, како исклучително успешна приказна меѓу последните два самита ЕУ-Западен Балкан го истакна историскиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција, при што им честиташе на премиерите Заев и Ципрас, потенцирајќи дека прогресот е возможен, соопшти владината прес служба.

Тереза Меј

Британската премиерката на Самитот во Лондон најави удвојување на финансиската поддршка за проекти за јакнење на јавната администрација во Македонија, како и помош за обука за дигитални вештини на еден милион деца од основните училишта од регионот, со цел да ја спознаат својата моќ во модерниот свет.

заев - пленковиќ

Во завршницата на самитот, премиерот Заев имаше билатерална средба со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

На средбата двајцата премиери разговарале за можностите за интензивирање на соработката меѓу двете земји и заеднички констатирале повеќе области со силни потенцијали.

заев-меркел

Шефот на македонската Влада на маргините на Самитот имаше и кратка средба со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел, на која ја запознал со подготовките за претстојниот референдум за реализација на одредбите од договорот за решение на македонско-грчкиот спор и за стратегиско партнерство.

Работна агенда на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Лондон заврши со заедничка прес-конференција на британската премиерка Меј, на канцеларката Меркел и на еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

На прес-конференцијата беше истакнато дека ЕУ и СР Германија, посебно низ Берлинскиот процес, остануваат и понатаму посветени на поддршката на афирмацијата на европските вредности во регионот, на проектите за поврзување и за регионална соработка и на проектите за обезбедување на безбедноста и сигурноста на регионот и на Европа и дека за идните проекти е предвидена и нова финансиска поддршка од фондовите на ЕУ.

Во состав на владината делагација предводена од премиерот Зоран Заев на Самитот ЕУ-Западен Балкан (Берлински процес), што се одржа во Лондон, беа и заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министер за надворешни работи, Никола Димитров. (МИА)

Tags: БританијаГерманијаЕУЛондонМакедонијаСамитсилно посветенифондовите за поддршка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ