• Latest

ЕУ ја охрабрува Србија да најде решение за одржување на Европрајд

September 2, 2022

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

ЕУ ја охрабрува Србија да најде решение за одржување на Европрајд

September 2, 2022 17:43
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска изјави дека Унијата ги охрабрува српските власти да продолжат со контактите со организаторите на Европрајд, со цел да се најде решение за одржување на Прајд во мир и безбедност, изразувајќи надеж за позитивна конечна одлука.

ЕУ придава големо значење оваа Парада на гордоста да се одржи во мирни околности и со овозможена безбедност на учесниците, се наведува во писмената изјава на Стано.

Тој истакна дека ЕУ ја поддржува еднаквоста и ги отфрла сите форми на дискриминација и дека очекува нејзините најблиски партнери да се посветат на заштитата и подобрувањето на човековите права.

Претходно,145 членови на Европскиот Парламент побараа од српскиот претседател Александар Вучиќ да ја повлече контроверзната одлука за откажување на Европрајдот 2022 година, кој требаше да се одржи подоцна месецов во главниот град на Србија.

Прајд протестите се мирен начин за политичко застапување и еден од начините преку кои се искажува правото на слобода на говор и мирно собирање, се наведува во писмото на европратениците до претседателот Вучиќ.

Тие, исто така, побараа српската Влада да ја зајакне полициската заштита и да ја осигура безбедноста на илјадниците луѓе кои се очекува да присуствуваат на Прајд маршот во Белград и на сите поврзани настани на најголемиот годишен собир на ЛГБТК+ заедницата во Европа.

Неодамна и американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Србија да остане доследна на својата првична одлука да биде домаќин на меѓународниот настан „Европрајд 2022“ и да ја одржи парадата.

Слободата на мирно собирање и изразување се суштински компоненти на здрава демократија. Ја повикуваме Србија да ја обнови својата посветеност и да биде домаќин на ‘Европрајд 2022’. ЛГБТИ+ правата се човекови права, напиша Блинкен пред неколку дена на Твитер.

Од друга страна, на крајот на минатата недела Вучиќ беше категоричен дека годинешниот меѓународен „Европрајд“ во Белград нема да се одржи. Тој вели дека ќе се почитува одлуката на Владата на Србија за неодржување на парадата, нагласувајќи дека доколку некој настан е забранет, тој и ќе остане забранет.

Српскиот претседател им порача на организаторите на „Европрајд“, кои најавија дека ќе се соберат во договореното време и покрај одлуката на државата да го одложи настанот, дека ставот на државата е оти не постојат безбедносни услови и оти наместо да го сфатат тоа и да изберат други начини да се борат за нивната права, тие се обидуваат да ја одржат манифестацијата по секоја цена.

Меѓународниот настан „Европрајд“ секоја година се оджрува во различен град, а оваа година требаше да се одржи во главниот град на Србија од 12 до 18 септември. Белград беше прогласен за првиот град во Југоисточна Европа кој требаше да го одржи Европрајдот, но Вучиќ го откажа настанот.

Според ИЛГА-Европа, Србија котира прилично лошо во поглед на ЛГБТК+ правата. Во земјата нема уставна заштита, правно родово признавање, легислатива за злосторства од омраза, како и недоволно развиено граѓанско општество. Но, и покрај овие проблеми, земјата стои подобро во споредба со неколку земји членки на ЕУ како Полска, Летонија, Романија и Бугарија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ