• Latest

ЕУ лидерите го одобрија ембаргото на руската нафта, Зеќири останува во притвор, ОН алармира на висок број цивилни жртви

May 31, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЕУ лидерите го одобрија ембаргото на руската нафта, Зеќири останува во притвор, ОН алармира на висок број цивилни жртви

May 31, 2022 16:11
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Европските лидери постигнаа договор за ембарго за руската нафта

ЕУ лидерите го одобрија ембаргото на руската нафта испорачана со танкери, примарен метод, ефективно намалувајќи го увозот за две третини, со обврски за намалување на увозот преку гасоводи. Чарлс Мишел, претседател на Европскиот совет, го објави договорот доцна навечер на Твитер, иако многу детали остануваат да се откријат.

Војната на Русија во Украина е финансирана од продажба на сурова и рафинирана нафта и природен гас, кои претставуваат најголем дел од извозните приходи на земјата, прибрани првенствено од државните енергетски компании. Аналитичарите велат дека Русија ќе продолжи да наоѓа купувачи за својата нафта, но дека обемот на продажба и профитот веројатно значително ќе се намалат откако ембаргото ќе стапи на сила.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски: Колку поцелосно ќе биде напуштањето на руската нафта, толку поголема ќе биде придобивката за самата Европа

„Денеска во регионот на Луганск окупаторите ја прекинаа евакуацијата од областите на воените дејствија пукајќи во автомобил кој ги следеше мештаните. Францускиот новинар Фредерик Леклер-Имхоф беше убиен од гранатирањето. Работел за францускиот ТВ канал BFM TV. Пред нешто повеќе од еден месец дадов интервју за овој телевизиски канал. Ова беше моето прво интервју со француските медиуми за време на војната од целосен обем. Моето искрено сочувство до колегите и семејството на Фредерик. Тој стана 32-риот медиумски претставник убиен по 24 февруари“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање до нацијата.

Зеленски изрази благодарност на Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, за поддршката на интересите на Украина, интересите на цела Европа и што се обиде да ги најде потребните компромиси што е можно поскоро за да може да се усвои шестиот пакет санкции на Европската унија. Русија мора да почувствува многу повисока цена за својата агресија.

Според него, клучната точка е нафтата. Тој изрази уверување дека Европа во секој случај ќе мора да се откаже од руската нафта и нафтени деривати, затоа што се работи за независност на самите Европејци од руското енергетско оружје. И колку побрзо тоа се случи, колку поцелосно ќе биде напуштањето на руската нафта, толку поголема ќе биде придобивката за самата Европа на крајот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОСЕТА Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, од денеска ја почнува работната посета на Соединетите Американски Држави. За време на посетата, Петровска во Пентагон ќе се сретне со потсекретарот за одбрана, задолжен за политички прашања, Колин Кал, а ќе има средби и со помошничката на секретарот за одбрана, Селесте Валандер, командантот на Националната гарда на САД, генералот Даниел Хокансон, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и секретарот на Копнената војска на САД, Кристин Вормунт.

УСТАВЕН СУД По вчерашната средба на шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери со претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска за блокадата на изборот на четири уставни судии, денеска надлежните потврдуваат дека утре или најдоцна задутре изборот на уставните судии ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за избори и именувања.

ПРАВДА Апелациониот суд го потврди решението со кое е продолжена мерката притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Од Судот за потврдија дека апелационите судии ја одбиле жалбата на Зеќири со која тој побара да биде пуштен да се брани од слобода.

КОНФЕРЕНЦИЈА Денеска се одржа конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, посветена на градење мулти-секторски пристап за решавање на овој важен проблем преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Американскиот Институт за проучување на војната (Institute for the Study of War) објави нова анализа и мапа на судирот во Украина. ИСВ наведува дека има несогласување во руските воени кругови и обвинувања дека Кремљ не прави доволно за да победи во војната.

Од разговорот прислушуван од Службата за безбедност на Украина, стана познато дека вооружените сили на Украина елиминирале голема единица платеници на руската група Вагнер на исток, објави Службата за безбедност на Украина на Телеграм, откако украинските бранители уништија елитна единица, „обичните“ руски војници сега се плашат воопшто да се борат.

Двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, кои го гранатираа регионот Харков од повеќе ракетни фрлачи Град, беа осудени на 11 години и 6 месеци затвор. Казната беше прочитана во окружниот суд Котелевски во регионот Полтава на 31 мај.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, во најновиот извештај на организацијата  потврди 8.900 цивилни жртви, вклучувајќи 4.074 мртви и 4.826 повредени, во текот на војната што Русија ја води против Украина.

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ