Во тек е конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, посветена на градење мулти-секторски пристап за решавање на овој важен проблем преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“.