По повод најавениот голем собир во Белград на 15 март, за кој претседателот на државата предвидува „големо насилство“ и најавува апсења, Европската унија (ЕУ) вели дека темелните вредности „се во сржта на нашиот заеднички европски проект и треба да се почитуваат“, пренесуваат српските медиуми.
Исто така, се додава дека учеството на граѓаните игра витална улога во развојот на здраво и демократско општество, вклучително и промовирање на транспарентност и одговорност.
Имено, претседателот на Србија, Александар Вучиќ во изминативе денови во неколку наврати најави дека „опозицијата организира големо насилство на 15 март“ и дека „сите кои учествуваат во тоа ќе бидат уапсени“.
„ЕУ постојано повикува на деескалација на тензиите, преку воспоставување услови за инклузивен дијалог кој ги вклучува сите заинтересирани страни, вклучително политичките актери, институциите и членовите на граѓанското општество, со цел да се решат реформите неопходни за иднината на Србија во ЕУ“, велат од Брисел.
Претставниците на ЕУ потврдуваат дека внимателно ја следат актуелната внатрешно-политичка ситуација во Србија и големата мобилизација на студенти и други групи.
Запрашани да ја коментираат изјавата на претседателот Вучиќ дека Западот стои зад „обоената револуција“, како што тој ја нарекува мобилизација на студенти и граѓани во Србија, претставниците на ЕУ потсетуваат дека „на дезинформациите и политичката реторика, вклучително и против ЕУ и нејзините земји-членки, немаат место на патот кон интеграција во ЕУ“.
Студентите на Србија треба да се одржат на 15 март повикаа на голем собир и „најмасовен собир досега“ во главниот град на Србија.
Д. Т.