Косовскиот претседател Хашим Тачи и раководителката на Мисијата на Европската Унија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС), Александра Пападопулу на денешната средба констатирале дека во текот на годинава мисијата на ЕУ ќе ја заврши својата работа, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Тачи и Пападопулу констатираа дека е финализиран текстот на кореспонденцијата меѓу Косово и инситуциите на Европската Унија, со што се предвидува завршувањето на мисијата на ЕУЛЕКС во Косово во текот на оваа година, се вели во соопштението од канцеларијата за врски на косовскиот претседател.
Тачи и се заблагодарил на амбасадорката Пападопулу за конструктивниот пристап и за соработката на мисијата на ЕУЛЕКС и на сите инситутции на Европската унија.