• Latest

Евроатланските интеграции низ призма на партиите

August 7, 2018

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Евроатланските интеграции низ призма на партиите

August 7, 2018 10:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денот на партиската сцена започна со фалба на СДСМ за економските политики и странските инвестиции, во контекст на приближувањето кон ЕУ.

СДСМ соопшти дека економијата се движи во нагорна линија, расте извозот, индустриското производство, поголеми плати и зголемување на странските инвестиции.

Како поткрепа на овие тврдења ги споделија информациите за извозот на стоки од Република Македонија во првите шест месеци од 2018 кој бележи раст од 26,5 проценти и индустрискиот раст од 12.1 проценти.

„Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во мај оваа година изнесува 24.509 денари, што е за 7,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец од 2017 година“, стои во соопштението на СДСМ.

И за да не се заборави успешноста на Владата, на маргините СДСМ ги потсетува граѓаните да го кажат историското „Да“ на референдумот, од кој зависат и ЕУ и НАТО, а последователно и подобрување на горенаведените резултати на Владата.

Но, оваа не е доволно за опозицијата која денот го започна со опширно соопштение за, како што велат, несовесното работење на Владата, односно на Зоран Заев и државните функционери на СДСМ.

Фокусот на нивното кампањско соопштение, најверојатно од сега па натаму под мотото „Победа за Македонија“, се злоупотребите на службената должност и службените автомобили, криминалните тендери и грантови, продажба на државата преку Договорот со Грција…

„Заев залудно се обидува да го продаде името, историјата, јазикот, традицијата и културата кога оние функционери кој тој ги поставил користат армиски хеликоптери за да одат по ручеци, а службените возила на полицијата служат како автобуси од туристичка агенција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Заклучокот на крај е дека патот кон евроатланските интеграции е возможен само со заминување на Зоран Заев од политиката.

Заклучокот на СДСМ е дека ние сме на добар пат кон евроатланските интеграции, а за тоа заслужен е токму Зоран Заев.

И додека едни партии ревносно се борат за бојкотирање на Референдумот како услов токму за влез во ЕУ и НАТО, други со иста ревносност се борат за излезност и позитивен исход од гласањето на 30 септември. Во контекст на истото прашање за промена на името поделена е и Македонската дијаспора.

На пример, Форумот за демократска Македонија  го поздрави долгоочекуваното распишување на Референдумот за Договорот за името со Република Грција и остро го осуди блокирањето на распишувањето на референдумот од опозицијата.

„Форумот изразува одредени резерви околу консултативната природа на претстојниот референдум која има за цел да го неутрализира евентуалниот бојкот. Неизјаснувањето на граѓаните на овој референдум претставува легитимно демократско право, исто како и директното изјаснување со гласање „за” или „против”, се вели во соопштението ФДМ заедница на иселеници од Република Македонија и нивните потомци од целиот свет.

„Форумот строго ги осудува сите обиди на одредени иселенички организации да го моноползираат дијаспорскиот дискурс и да го прикријат разногласието во дијаспората за ова клучно политичко прашање“, децидно велат од ФДМ.

Дијаспората поделена, граѓанките и граѓаните во Македонија поделени, а сите убедени дека референдумот ќе се реализира, според сопствените очекувања.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕдијаспораевроинтеграцииЗоран ЗаевреферндумСДСМ
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ