• Latest

Евроатлантската интеграција е важна за иднината на младите

September 21, 2018

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Евроатлантската интеграција е важна за иднината на младите

September 21, 2018 10:27
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

На нашите млади им треба европска Македонија. Избираме да бидеме дел од демократскиот свет за да создадеме можности за подобар живот за нашите деца. Немаме дилеми дека сакаме во НАТО и ЕУ.  Сега е моментот да кажеме што сакаме, да кажеме дека оваа држава и овие луѓе знаат што сакаат. Тие сакаат вистински патриотизам, патриотизам кој на младите ќе им даде шанса да не се плашат да обезбедат подобро за себе, за семејствата и за државата, истакнаа вчера поддржувачите на референдумот на средбите со граѓаните.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска синоќа на трибината во скопската општина Кисела Вода  ги повика граѓаните на 30 септември да излезат и да гласаат за иднината на Македонија.

Во духот на спортските стратегии, правејќи паралела со состојбата во Македонија, Шекеринска рече дека во фудбалот има три правила кои важат  за нас, а тоа се да се покаже храброст, да се решаваат проблемите и да не се пропушти шансата. До сега, според неа, првите две се испочитувани, но останува уште последното – да се искористи шансата. 

Се осврна на придобивките од евроатлантските интеграции, но потсети и на подршката што ја доби земјава од ЕУ и НАТО кога минуваше низ, како што рече, тешки периоди.

– За промените, потребна е помош од пријатели. Тие се тука да покажат дека за Македонија е отворена вратата, а наше е дали ќе го преминеме прагот, подвлече министерката Шекеринска.

Нејзината германска колешка Урсула фон дер Лаин  вчера на прес-конференцијата во Скопје рече дека сакаат да ја градат Европа заедно со нас и оти е убедена дека референдумот ќе биде успешен и дека на крајот ќе се движиме по вистинскиот пат.

– Референдумот претстои. Знам дека тој е поврзан со името на вашата држава, вашиот идентитет и историја, но сепак во овој референдум гледам голема шанса. Верувам дека граѓаните на вашите земја ќе земат активно учество. Од нашето искуство во врска со германското обединување можам да кажам дека такви шанси се уникатни и дека треба да се искористат. И кога зборувам за искористување на шансата сакам да кажам дека зборувам за обединета Европа, дека сакаме заедно да продолжиме да ја градиме Европа со вас, рече министерката Фон дер Лаин.

Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери на регионалната конференција за дијалог на високо ниво за политичкото учество на младите и младинските политики со пратениците од Западен Балкан потсети на  изреката: „Светот останува на младите“, меѓутоа, како што рече, се поставува прашањето колку ние постарите сме подготвени да воспоставиме вистински дијалог со младите, колку ние ги разбираме нивните интереси и потреби.

– Во социологијата тоа се дефинира како генерациски јаз кој отсекогаш постоел и е присутен во речиси сите општества. Затоа, колку е длабок тој јаз помеѓу генерациите во една држава и како да се премости, зависи од демократскиот развој и од подготвеноста на политичките елити за дијалог, но и од вистинското почитување на човековите права и слободи, рече Џафери.

Нагласи дека вработувањето и образованието се клучни прашања, но важни за младите од регионот се и  мобилноста и нивната соработка за да се надминат некои историски предрасуди и стереотипи кои, како што рече, можеби се позакоравени кај постарите генерации.

Џафери соопшти дека следејќи ги искуствата од ЕП и од парламентите на некои западноевропски земји, во Собранието на РМ пред една година се формираше Клуб за младински прашања и политики – неформално тело во кое членуваат помлади пратеници од сите парламентарни партии. Рече дека Клубот  е силна лоби-група за артикулирање на интересите на младите и веќе има резултати – формирана е работна група која интензивно работи на подготовка на закон за млади кој во собраниска процедура се очекува да влезе до крајот на годинава.

Претседателот на Собранието го спомна претстојниот референдум, посочувајќи дека евроинтеграцијата е важна за иднината на младите.

Убеден е, рече Џафери, дека младите, без оглед на припадноста, масовно ќе се изјаснат за поддршка и, како што додаде, за стратешката определба за целосно интегрирање во НАТО и ЕУ.

Поддржувачите на референдумот порачаа дека ни е доста од неизвесност и изолација, затоа што нашите млади заслужуваат подобра иднина.

– Сакаме на нашите млади да им дадеме еднакви можности за образование, работа и личен развој, какви што имаат нивните врсници низ Европа. За ова, како што велат тие, неопходно е да станеме полноправна членка на Европската унија. (МИА)

Tags: ЕУМакедонијаНАТОРадмила ШеќеринскаТалат ЏафериУрсула фон дер Лаин
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ