• Latest
Фото: Wikimedia commons

Европарламентот повика на итно и енергично спротивставување на обидите за руско мешање во ЕУ

April 25, 2024
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Европарламентот повика на итно и енергично спротивставување на обидите за руско мешање во ЕУ

April 25, 2024 14:50
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент денеска усвои Резолуција со која се повикуваат лидерите на ЕУ и земјите членки итно и енергично да се спротивстават на обидите за руско мешање. Во Резолуцијата, усвоена е со 429 гласа „за“, 27 „против“ и 48 „воздржани“, европратениците бараат преземање мерки за справување со „обидите за мешање на Русија, не само во институциите на ЕУ, туку и низ целата Унијата“. Во документот се посочува дека „постои чувство на итност и решителност“ за преземање мерки, особено во пресрет на европските избори што ќе се одржат од 6 до 9 јуни годинава.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, усвојувањето на Резолуцијата следи по неодамнешни откритија за обиди на Кремљ да се меша и да ги поткопува европските демократски процеси преку поткуп на европратеници.

– Парламентот е згрозен од веродостојните наводи дека некои европратеници биле платени да шират руска пропаганда и дека неколкумина учествувале во активностите на прорускиот медиум „Гласот на Европа“ во време на илегалната агресивна војна на Русија против Украина, се наведува во Резолуцијата, во која се додава дека секој таков обид за влијание и мешање мора да има последици.

Покрај сомнителните случаи на руско мешање низ цела Европа, пред се во Бугарија, Германија и Словачка, во документот се посочува и примерот со неодамнешното сослушување на еден од водечките европратеници на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), Максимилијан Крах од страна на американското Федерално истражно биро (ФБИ) поради сомнежи дека добил пари од агенти на Кремљ, како и со апсењето на неговиот асистент пред два дена под обвинение дека е кинески шпион.

– Парламентот ја повикува АФД без одлагање јавно да ги објави своите финансиски трансакции, пред се со Кремљ, и јавно да го открие целиот и точен износ на сите средства кои ги добила од извори поврзани со Кремљ, се додава во Резолуцијата.

Натаму во текстот се посочува дека иако и други земји се исто така активни на тоа поле, Русија останува главен извор на странско мешање и ширење дезинформации во ЕУ.

– Одговорот на ЕУ на овие закани може да биде ефикасен само ако се заснова на заеднички, холистички и долгорочен политички пристап на ЕУ и на земјите членки, се додава во документот.

Со Резолуцијата се бара подобрување на „внатрешната безбедносна култура“ на Европскиот парламент, вклучително и на темелните внатрешни истраги за да се проценат можните случаи на странско мешање и целосното спроведување на рамката за внатрешни санкции, како и задолжителна безбедносна обука за европратениците и вработените, издавање соодветни безбедносни сертификати и засилен скрининг на персоналот.

Натаму, во Резолуцијата се повикува Советот на ЕУ со следниот пакет санкции поврзан со Русија да бидат опфатени и медиуми поддржани од Кремљ, како и други радиодифузери и медиумски организации и поединци „одговорни за ширење пропагандни и дезинформациски кампањи во ЕУ“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУРусија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ