Под мотото: „Обединети во различностите“, Европската комисија го одбележа #ДенотНаТолеранцијата и објави дека „човечкото достоинство, слободата, демократијата, еднаквосат, владеење на правото, човекови права се дел од европските вредности“.
„Нашите европски вредности се заеднички во општество во кое преовладуваат толеранцијата, инклузијата, правдата, солидарноста и недискриминацијата. Овие вредности се составен дел од нашиот европски начин на живот. Со новата стратегија на #EU4LGBTIQ и Акцискиот план за антирасизам на ЕУ сакаме да изградиме #UnionOfEquuality каде што сите луѓе:
– се заштитени од сите форми на дискриминација, насилство и омраза;
– слободно и безбедно да бидете токму она што се;
– се чувствуваат целосно вклучени и прифатени во сите области на општеството.
Наша должност и задача е да живееме со овие зборови и да го исполниме нивното значење“, велат од ЕК.