• Latest

Европската иднина е незаменлива, Владата го повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да се радува на тешките моменти за државата

November 18, 2020

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Европската иднина е незаменлива, Владата го повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да се радува на тешките моменти за државата

November 18, 2020 00:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, македонскиот идентитет и македонскиот јазик не се предмет на преговори, ќе продолжиме да бараме решение за нашата незаменлива европска иднина – брифираат од Владата. Во владиниот брифинг се потврдува европска ориентација, но и цврстиот став дека за идентитетот и јазикот не се преговара. Воедно, од Владата потенцираат дека нема ни трошка вистина во манипулациите кои ги пласираат дел од опозициските партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ, за наводно „распродавање на македонскиот идентитет” и апелираат до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да се радуваат на тешките моменти во кои се наоѓа државата и да го препознаат моментот кога одредени национални прашања ги надминуваат границите на вообичаените партиски пресметки.

До сега не се создадоа соодветни услови за да се надминат новите бугарски барања и заради тоа, Република Бугарија одлучи дека во овој момент нема да ја одобри нашата преговарачката рамка во ЕУ. Тоа е неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски вредности и принципи – брифираат од Владата.

„Особено сме горди и на нашата смиреност и на нашата национална и политичка големина во овој тежок период за нас. Тоа е одлика на вистински Европејци, тоа е одлика на Македонците.“

Од Владата посочуваат дека и двете држави имаат заеднички геополитички интереси. Заеднички интерес е целиот Балкански регион што побрзо да се интегрира целосно во ЕУ, да се поврзе инфраструктурно, преку Коридор 8, да се овозможи полесен проток на луѓе, идеи, стоки и капитал, да се изградат добри услови за бизнисот, да се зголемат инвестициите. „Тоа е вистински патриотизам и лидерство!“ – се вели во брифингот.

Владата изрази благодарност за зајакнатиот ангажман на германското претседателство со ЕУ, како и на личниот ангажман на канцеларката Меркел. „Вложивме сериозни дипломатски напори да создадеме услови минатото да не биде кочничар на иднината“ – велат владините извори.

Владата изрази готовност да продолжи со интензивни разговори во интерес на европската иднина на земјата, при што смета дека решение е можно само ако од тоа решение двете страни излезат како победници.

Владата истакнува дека останува на истиот стратешки колосек – ЕУ интеграција.

За крај, владините извори потенцираат дека нема ни трошка вистина во манипулациите кои ги пласираат дел од опозициските партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ, за наводно “распродавање на македонскиот идентитет”.

„Апелираме до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да се радуваат на тешките моменти во кои се наоѓа државата и да го препознаат моментот кога одредени национални прашања ги надминуваат границите на вообичаените партиски пресметки“ – се заклучува во владиниот брифинг.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ