„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт – Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива. Здружената албанска коалиција, како што истакнаа, останува цврсто на своите заложби за брза интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.
Оваа вчера на прес-конференција го соопшти претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од претседателот на Демократско движење Изет Меџити, односно претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами.