Европскиот парламент усвои резолуција со која се препорачува Европската унија да и додели на Украина статус на земја кандидат за членство во ЕУ.
За резолуцијата гласаа околу 438 европратеници, од кои 65 гласаа против, а 94 беа воздржани, пишува Укринформ, повикувајќи се на Дојче веле.
Европскиот парламент препорача Советот на ЕУ да се согласи дека Декларацијата од Версај ги признава европските аспирации на Украина и нејзината апликација за членство во ЕУ и ѝ доделува статус на кандидат за ЕУ како јасен политички сигнал за солидарност со народот на Украина.
Според соопштението, претходно Европскиот парламент само ја повикал ЕУ да работи на доделување кандидатски статус на Украина.
М.Д.