• Latest
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Европските вредности денес ги брани само совеста на малкумина новинари во нашиот простор

June 18, 2025

Скопјани ќе добијат субвенции за инвертер клими

December 4, 2025

Гаши: Собранието светна во портокалова боја – за секоја жена и девојка без насилство и страв

December 4, 2025

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија

December 4, 2025
Фото извор: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Без гаранции од ЕУ, и утре да ги внесеме Бугарите во Устав – прашање е само кога ќе дојде новиот услов

December 4, 2025
Проф. Оливие Ведрин (фото извор: LinkedIn профил на Авторот)

Назад во балтичките држави

December 4, 2025

Кривична за Костадинов за набавка на електрични автобуси, екс-градоначалникот на Струмица ги отфрла сите сомнежи

December 4, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Корупцијата цвета: Секој трет граѓанин платил за „услуга“, судиите и обвинителите на дното на довербата!

December 4, 2025

24 ЧАСА: Северна Македонија со поддршка на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца; Русија киднапира украински деца и ги праќа во Северна Кореја; Се лизна ли бугарската влада на нафтата на „Лукоил“?“

December 4, 2025
Novichok poison attacks in Salisbury
Source- screenshot BBC

Путин го одобрил труењето со Новичок на поранешниот руски шпион Скрипал во 2018 година, според британската истрага

December 4, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за поддршката на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца

December 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Европските вредности денес ги брани само совеста на малкумина новинари во нашиот простор

Пресудата против Дерала е доказ и на продолжување на практиките на вмровското сфаќање дека нема поделба на власта на три сектори, но и на неспособноста на опозицијата да ги брани вредностите за кои се залага, преку медиуми ослободени од притисоците на груевизмот

June 18, 2025 12:02
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Кога во време на жешките мајски денови ’68-та го прашале Де Гол зошто не го апси филозофот Сартр, како наводен инспиратор на тие настани што започнаа во славната Сорбона, тој рекол – Франција не ги апси своите Волтери. И тогаш, но и денес, оваа изрека е онолку вткаена во француското милје колку и неговата идеја со неговиот политички врсник Аденауер да ја основа Европската унија. Тие паралелни процеси – и во економијата ама и во духовноста, односно политичката принципиелност – ја држат Унијата онаква каква што ја знаеме.

Затоа или попрецизно – и само затоа, кога деновиве битно се редуцира одбраната на тие идеали, претставени и низ реалното согледување на украинската трагедија е толку силно само во институциите на Унијата, која, рака на срце, стана малку преширока, па и на нејзините географски краеви – се гледаат многу атавизми.

Поводот за овие реченици е во сознанието дека нашиот колега Џабир Дерала го изгуби спорот со премиерот и неговиот министер за внатрешни во парница, покрената нормално од споменатите двајца затоа што во свој медиум пренел текст напишан во друг медиум, кој, ете не е тужен како евентуален извор за содржина која на тужителите им се чинела спорна. Ова не значи никаков став за изворот на главоболката на двоецот Мицкоски-Тошковски, која и не ја знам, туку за методологијата по која некој, во овој случај – судот, ги донесува своите пресуди!

Со оваа пресуда се продолжува практиката на претходникот на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на столетието кога, во периодот после изборите во 2008 година, во време на реалниот скок на популарноста на Груевски со антиквизацијата и изолационизмот, во писарниците на судовите имаше 600 тужби против новинари. Имаше тука еден мал парадокс – самиот Груевски не се појавуваше како тужител, туку тие беа на неговите гавази во повисоките ешалони, кои на овој начин му ја покажуваа својата верност.

Таа кумулација на тужибаби ја прекина самиот Груевски кој во еден миг сфати некои работи, па даде партиски налог сите тие тужби да се повлечат. Така и би. Така покажа некаква дистанца од оние околу него. Ова секако не го спречи во мигот кога популарноста започна да се лула, доста брутално да се пресмета со телевизијата А1, да не заборавиме.

Оваа бесмислена тужба против Дерала која секако си прави свои последици, пред сè, во однос на чувството за правда и нејзино поддржување од судски систем, е само показател колку сме далеку од вистинските европски вредности кон кои навидум тежнееме!

Просто се доградува таа атмосфера на недопирливост на власта по сите можни шевови, а се користи ситуацијата кога опозицијата по правило не успева да дефинира своја политика на одбрана на своите ставови.

Пред сè, тука мислам на европските вредности и низ сферата на медиумите, за која никогаш и немале добра стратегија во периодот на општествената транзиција. И тоа секогаш одело и ќе оди на штета на оние – како Дерала – што истите вредности ги бранат наоружани само со својата совест.


Текстот е напишан по повод одлуката на Апелациониот суд кој деновиве ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд во Скопје, во судскиот процес што траеше две години, а во која Христијан Мицкоски и неговиот близок соработник, Панче Тошковски го тужеа Џабир Дерала за клевета поради текст пренесен од други медиуми.
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога надзорот се продава како безбедност

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ