ЦИВИЛ денеска одржа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, во општините Вевчани, Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше.
„Европа е наш дом“ е проект посветен на мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области, но пред сѐ главната цел е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европска Унија.
Освен информативен материјал за проектните активности на „Европа е наш дом“, граѓанките и граѓаните имаа можност да се информираат и за другите компоненти на овој сеопфатен и комплексен проект кој воедно преку промоција на европските вредности и поддршка на евроинтеграциите помага и во борбата против корупцијата, преку јакнење на јавната свест и соработката со релевантните институции во земјата.
Проектот го финансира Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.