• Latest
Фото: МИА Архива

Фајнанс тинк: Растот во првиот квартал со слична динамика како и лани, нема место за еуфорија

June 6, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Фајнанс тинк: Растот во првиот квартал со слична динамика како и лани, нема место за еуфорија

June 6, 2025 11:21
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк оцени дека динамиката на растот на БДП во првиот квартал  се очекува да продолжи во текот на годинава, но укажува дека ризик за растот остануваат неизвесностите кои произлегуваат од глобалните трговски односи.

– Во првиот квартал од 2025, БДП се зголеми за  три проценти на годишна основа, задржувајќи ја динамиката од претходната година. Остварувањето е во линија со нашите очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор и проекцијата од 3.5 проценти за целата 2025 година. Растот во личната потрошувачка (2.1 процент) е одраз на позитивниот реален раст на платите, растот на пензиите и на забрзаниот раст на кредитната поддршка на домаќинствата, додека растот на јавната потрошувачка (1.1 процент) забави по интензивирањето во текот на 2024. Вкупниот раст на БДП е воден и од растот на бруто инвестициите (18 проценти), но овој раст останува високо варијабилен. Додека, извозот (1.2 проценти) и увозот (5.8 проценти) продолжија да ги рефлектираат неизвесностите кај трговските партнери на европскиот континент. На производната страна, растот во овој квартал е на поширока основа од претходно, со солидни остварувања кај преработувачката индустрија (3.7 проценти) и градежништвото (7.1 процент), но за сметка на благо забавување на растот на услугите (2.2 проценти), наведува Фајнанс тинк во објавениот Макроекономски монитор.

Како што дополнува, невработеноста во првиот квартал од 2025 понатамошно благо се намали на 11.7 проценти (од 11.9 проценти). Во овој квартал, посочува Институтот, продолжува постепеното намалување на воздржаноста на пазарот на трудот, имајќи предвид дека се креирани близу две илјади нови работни места, а активноста на населението се задржа (52.4 проценти).

Сепак, загрижувачка е големата загуба на работни места во преработувачката индустрија (скоро 14 илјади), додека најмногу работни места се креирани во земјоделството, трговијата, јавната управа и образованието, укажува Фајнанс тинк.

Во првиот квартал од 2025, инфлацијата се задржа на 4.2 проценти на годишна основа, слично како и во претходниот квартал (4.1 процент). Опстојувањето на инфлацијата, оценува, е сврзано со структурата на дел од пазарите за храна, но и со сé уште присутните пренесени ефекти врз останатите компоненти на индексот на трошоците на живот (раст на базичната инфлација од 5.5 проценти), а резултат на солидниот раст на реалните доходи. Овие ризици налагаат потреба од понатамошна претпазливост.

– Динамиката на економијата од овој квартал се очекува да продолжи во текот на 2025 година. Ризик за растот остануваат неизвесностите кои произлегуваат од глобалните трговски односи. Finance Think останува на проекцијата за раст на БДП во 2025 од 3.5 проценти, како и за цените од 3.1 проценти, стои во информацијата на Фајнанс тинк, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ