• Latest
Добро утро со Орданоски

Фајронт!

December 27, 2018

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Фајронт!

December 27, 2018 07:20
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]У[/dropcap]ште денеска ќе проверам дали има некое слободно место за дочек на Нова Година во хотел „Мериот“ во Скопје. Таму ќе слави друштвото на победниците во Македонија! Ќе свират пет оркестри, од маријачи до чалгии, ќе пее половина македонска естрада, бројот на печени прасиња ќе го надмине количеството на расположливи јаболка што треба да им се загризат во муцките, а вискито што ќе се пие во хектолитри ќе биде постаро од возраста на женското друштво за танц…

Ќе биде гламурозно како во холивудските филмови за прохибицијата, а смеењето и пеењето ќе ечи до Собрание, ако не и до Бихаќка!

Ќе трае таа прослава барем неколку дена, иако потоа ќе мора да се прогласи фајронт и да се помине на опсежните  подготовки за уште поголемата свеченост и забава по повод приемот на Македонија во НАТО. Да, да, и таа официјална прослава, адекватно, ќе се случи во победничкиот „Мериот“. На неа само Мицкоски нема да биде поканет, оти остана единствениот цврсто на позициите против македонската евроатлантска интеграција, додека целата победничка, бивша, елита од неговата партија ќе биде во вториот ред, веднаш пред редот за дипломатскиот кор, а зад местата резервирани за функционерите на владата на СДСМ. На славеничките гушкања и здравици ќе им нема крај, ќе свират три воени блех-оркестри, ќе пеат Здравко Чолиќ и Цеца, а и Али Ахмети ќе сврти една шота, па што сака нека биде, бидејќи Македонија ќе влезе во НАТО!!!

Во таквата славеничка атмосфера главната тема на весели заебанции ќе биде онаа кукавица што пребега во Будимпешта, бидејќи не издржа да поседи овде уште некоја недела, за и тој, славно, да седне на почесно место во салата, како што им доликува на сите кои дадоа голем придонес за гласањето на македонскиот пат кон Брисел. Вака, тој заслужено ќе влезе во историјата на срамот, заедно со Игор Југ, Дурловски и Латас, кои сакаа да го блокираат големиот македонски процес за национално помирување.

Дали на тој список од предавници ќе се најдат и имињата на Рускоска и Кацарска најмногу ќе зависи од нивното лично поведение. Ако се паметни, и за нив ќе се најде некое столче во „Мериот“, кон излезот за случај на пожар, веднаш до вратата кај што ќе седи Хорхе, преправен во конобар.

Чудесии! Хепи енд каков што малкумина можеа да претпостават. А почна како вистинска драма, со елементи на напнат трилер. Вешто водена од режисерската рака, приказната полека се разви во мелодрама, со многу емоции и неизвесности. За на крај да заврши како комендија, вистинска балканска патрдија, во која секој со секого се целива и се потплеснува по газот.

Браво, Македонија помирена, членка на НАТО!

***

Се извинувам, имам само едно процедурално прашање: Откако ќе ја покриеме со армирана бетонска плоча, дебела десетина метри, правната држава во Македонија со тоа што ќе ги ослободиме од обвиненија, од затвор, од притвор и од натамошни истраги сите криминалци во државава кои имаат некаков политички контакт (макар и со очи, на разминување!) со г. Зоран Заев, а во Грција – ете, не дај Боже! – се случи некаква компликација, па нивниот дел од Договорот од Преспа да не помине, со што ќе пропадне целиот план за наш прием во НАТО и ЕУ, дали сега ослободените криминалци ќе си останат на слобода, со сите материјални и нематеријални бенефити стекнати од нивните криминални активности?

Само прашувам, за да знам како да честитам во „Мериот“…

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share1103TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ