• Latest

„Фантомите“ го сардисаа Ресен!

November 29, 2016

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Фантомите“ го сардисаа Ресен!

November 29, 2016 16:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Избирачкиот список е затворен на синоќешната седница на ДИК, но не само што не е исчистен, туку е преполн со идентитети коишто реално не живеат во општина Ресен. Доколку не се преземат мерки навреме, ќе се појават и овој пат, на денот на изборите, за да гласаат за владејачката партија, како што впрочем, правеа и на последните избори во април 2014-та година.

Ова се стравувања и реакции на граѓани од Ресен, кои секојдневно се обраќаат до ЦИВИЛ-Центар за слобода, барајќи решение и помош. Тие тврдат дека најголем дел од лицата -„фантоми“ се жители на Мала Преспа, коишто организирано доаѓаа од Албанија и гласаа на последните избори, и дека имаат основа сомнежите дека приказната ќе се повтори и овој пат.

„Фантоми“ во Ресен

„На иста адреса, во една куќа во центарот на Ресен се евидентирани дури седум ‘фантоми’. Во оваа куќа живее четиричлено семејство, родители со две малолетни деца и сите ресенчани ги познаваат. Секој знае дека овие идентитети се лажни, значи, не живеат на таа адреса и дека некој намерно ги впишал на оваа адреса. Кога не може ДИК да ја изврши корекцијата, тогаш, ќе треба да се преземат конкретни чекори, да се следи гласањето на Избирачко место 1644, дали ќе се појават лица со вакви идентитети. Не смее да се дозволи повторно изигрување на законите!“, велат нашите извори.

Во друга куќа, која му припаѓа на познато ресенско семејство, а гласа на ИМ 1639, евидентирани се 11 фантомски гласачи.

„Сите тие се жители на Мала Преспа, кои доаѓаат за избори овде во Македонија. Последниот пат доаѓаа со автобуси, ги фотографиравме и пријавувавме. Овој пат, се надевавме дека ќе бидат избришани, но тие и натаму стојат во Избирачкиот список“, забележуваат ресенчаните со кои разговаравме.

fantomi-vo-rsn-ovaa
„Фантоми“ во Ресен

Наши избори тврдат дека од евидентираните 17.011 гласачи во Општина Ресен, околу 1.000 се идентитети коишто успеале да дојдат до валиден документ во МВР, но дека тие не се жители на Општината. Појавата на фантомски гласачи е изразена во руралните средини.

Според ДИК, не може да се бришат „фантомите“ од Избирачкиот список, затоа што станува збор за лица кои што имаат валидни лични карти.

„Тие не се фантоми, туку лица, граѓани коишто реално имаат валидни документи. Не може ДИК да ги брише од Избирачкиот список и ДИК нема механизам за да го решава тоа прашање. Беа спроведени повеќе активности за прочистување на Избирачкиот список, и секој граѓанин можеше да пријави неправилности, рокот измина“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Љупка Гугуческа, од одделот за односи со јавност на ДИК.

Моника Талеска

Tags: ДИКизбориМала ПреспаМВРресенфантоми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ