„Доколку сакаме промена мораме да почнеме од самите себе, да ги научиме нашите синови да не ги тепаат своите девојки, отколку да ги учиме ќерките да бидат послушни“, вели Алмира Фазли од Иницијатива на жени Шуто Оризари, на панелот на ЦИВИЛ „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“.
Фазли истакна дека во изминатиот период на социјалните мрежи се појави „Ромска јавна соба“ во која се објавуваа компемитирачки фото и видео материјали од жени и девојки Ромки.
„Го пријавивме тој случај во полиција и по неколку дена беше избришана таа Фејсбук страница, сега не знаеме дали тоа го направи полицијата или самите админи ја избришаа“, вели Фазли.
Таа вели дека од следната година ќе бидат самостојна невладина организација, и ќе се отцепат од ХЕРА со кои соработуваат 12 години.
„Работиме пред се на сексуално и репродуктивното здравје на жената Ромка и дискримиминацијата на здравствените работници кон ромската заедница. Им овозможуваме и на жените Ромки да изврѓат бесплатни гинеколошки прегледи. Им пополнуваме документи и на лица кои не знаат да пополнат одредени документи, често знаат институциите да им ги вратат документите бидејќи пишуваа со молив или црно пенкало“, вели Фазли.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски