„Сегашниот состав е во ред да остане до завршување на мандатот, но Предлог законот предвидува во иднина да се бираат нови. Критериумите и за шефот и за обвинителите на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, треба да бидат построги.
Како би го тргнале теретот од Советот и зголемувањето на довербата предлагам два избори да се направат. Прво во постапката за избор на шеф да биде вклучена и Канцеларијата на ЕУ во Скопје, почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор и да имаат право да дадат мислење. Вториот момент јавноста да биде максимално запознаена, дали тоа да биде преку објавување на ТВ и јавно интервју. Само на тој начин ние ќе бидеме способни да ја тргнеме целата прашина која се крева во јавноста за Јавното обвинителство“, истакна Фатиме Фетаи на јавната расправа за Законот за ЈО.
А. З.