• Latest

„Фич“ го потврди рејтингот на земјава „ББ+“ со негативен изглед

November 14, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Фич“ го потврди рејтингот на земјава „ББ+“ со негативен изглед

November 14, 2020 11:41
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кредитната агенција „Фич“ го потврди рејтингот на земјава на „ББ+“ со негативен изглед. Потврдата на рејтингот се должи од една страна на спроведувањето на добри политики на владеење, развој на човечкиот капитал, индикаторите за поволна бизнис-клима, кохерентноста на макроекономската и фискалната политика, како и процесот на евроинтеграции. Од друга страна се негативните ефекти на Ковид-кризата врз економијата, соопштуваат од Министерство за финансии.

Од министерството додаваат дека кредитната агенција проектира пад на македонската економија во 2020 година за 5% и опоравување на економијата во 2021 и 2022 година со раст од 3,9% и 4,5% респективно.

Очекувањата се дека во следниот период ќе се зголемат инвестициите и ќе зајакне приватната потрошувачка. Од „Фич“ наведуваат дека текот на опоравувањето ќе биде зависен од текот на здравствената криза, односно дали во земјата ќе има нови мерки кои ќе влијаат на затворање на капацитетите, но и каква ќе биде надворешната побарувачка со оглед на економскиот модел на македонската економија базиран на извозот од странските директни инвестиции во земјава.

Очекувањата на кредитната агенција за буџетскиот дефицит за 2020 година се дека ќе изнесува 8,3% од бруто-домашниот производ, што е малку пониска од владината проекција која изнесува 8,5% од БДП. Тие наведуваат дека продлабочувањето на фискалниот дефицит се должи на дополнителниот четврт пакет на антикризни мерки, кои предвидуваат фискална поддршка на работодавачите за исплата на плати во четвртиот квартал од 2020 година, социјални трансфери и таргетирани даночни олеснувања. Кредитната агеција проектира дека буџетскиот дефицит ќе се намали догодина на 4,7% и дека ќе продолжи да се намалува на среден рок. Државниот долг се очекува до крајот на годината да достигне 50,9%, додека негова стабилизација се очекува во 2021 и 2022 година на 53% од БДП.

Од „Фич“ посочуваат дека Предлог-буџетот за 2021 година содржи мерки кои се фокусирани на најтешко погодените сектори, вклучително преку мерки за вработените, за даночни олеснувања. Исто така, истакнуваат дека за прв пат се претставува повеќегодишен буџет.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ