• Latest

Фиданоски: Крв, пот и солзи се потребни во одбрана на слободата

November 10, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фиданоски: Крв, пот и солзи се потребни во одбрана на слободата

November 10, 2017 11:06
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Зоран Фиданоски, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, изјави дека слободата на изразување е фундамент на едно општество без кое немаме слободни граѓани.

ЦИВИЛ: Што подразбирате по слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Фиданоски: Слободата апсорбира премногу работи во себе што на еден човек, што на една индивидуа му значат. На пример, ако немате слобода да изберете што ќе јадете денеска, имате проблем, се чувствувате непријатно. Слободата на изразување е фундамент на едно општество. Без слобода на изразување немаме демократско општество, немаме слободни граѓани. Таа е темел на општеството на државата која што функционира и сака да напредува. Без нејзе немаме слободни граѓани и обратно, тоа еден магичен круг на заробеност. Ако имаме окови немаме слобода.

Македонија како општество, демократско би рекол, иако ги нема сите атрибути на такво во изминатите 27 години, секогаш патела од недостаток на слобода, без активизам, без тенденција да се постигне тоа, не можело да се дојде до ова ниво на кое што сме. Не дека сме нешто  „wow“, меѓутоа значи нешто.

Активизмот подразбира и слобода на изразување, борба на граѓанските организации да се изборат пред институциите на системот, пред власта која и да е, да обезбеди граѓаните слободно да побараат  и да ги добијат своите права, без тоа немаме слобода, немаме слободни граѓани, немаме слободна држава, немаме слободно општество. Само со активизам во општествата како Македонија, можеме да дојдеме до некое задоволително ниво.

ЦИВИЛ: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Фиданоски: Јас секогаш се согласувам и поддржувам слободно изразување на став, слободно дебатирање, прашања што се битни за граѓанинот, група граѓани или целото општество. Ако некој се обиде да ви ја „затвори“ устата за некое прашање, тогаш јас ќе се борам со сите мои сили, тоа да не се случи. Или што би рекол Волтер: „јас можеби нема да се согласам со вашето мислење, но ќе сторам се да не ви биде забрането вие да го искажете слободно“.

ЦИВИЛ: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Фиданоски: Сум се соочил и може да кажеме дека имам висока точка на топење, но досега не сум ја дознал која ми е. Се спротивставувам со отпор. Или ќе го направам тоа што сметам дека треба или воопшто нема да го правам. Бидејќи сум цел живот новинар, ако сакаат да имаат држач на микрофон или позајмувач на име и презиме или иницијали нека најдат некој друг. Јас сум име и презиме, идентитет во новинарството и за тоа сум се борел.

Како пример, работев во една национална телевизија која што, пред 12 години, која во сите овие години беше обележана како строго провладина телевизија. Јас на одговорните луѓе уште во првиот месец им реков дека тие можат да ми симнат прилог, да назначат друг колега да работи на истиот прилог место мене, но јас имам право, ако се побара од мене да ставам во текстот нешто што не се случило, јас нема да се потпишам и нема никогаш да отстапам од тоа.

ЦИВИЛ: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Фиданоски: Крв, пот и солзи, звучи многу партизански. Ние сме 21 век, меѓутоа според некои манири на однесување, за жал сѐ уште сме заглавени во средината на 20 век. Искрено се надевам дека помина времето кога беше потребна крв, буквално, на физичко насилство, на затворени новинари и граѓански активисти. Но, никогаш нема да замине времето на секојдневна борба.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

Фотографија: Маја Ивановска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизамЗоран Фиданоскимедиумска слободаслобода на изразување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ