• Latest
Добро утро со Орданоски

Филип Петровски, дервишот на македонската десница

April 5, 2018
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Филип Петровски, дервишот на македонската десница

April 5, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]ите овие 25-30 години наназад не успеав сосема да сфатам за што, всушност, се залага Филип Петровски во политиката на македонската десница? Во британската фудбалска Премиер лига нема толку дресови колку што Петровски ги промени на македонската политичка сцена, идеолошки и партиски тетеравејќи се од десно кон подесно и назад кон десно; па малку подесно, пред да сврти десно. Од толку интензивно, дервишко вртење накај десно, на крај самиот ќе си се престигне и ќе си се удри во сопствениот задник.

Има кај него некаква детска, кавгаџиска, деструктивна интелигенција – човекот не е глупав, секако – веројатно некаква младешка фрустрација, која не може да ја издестилира во консруктивна политичка акција за време на сите овие години. Партиските другари од младоста (Георгиевски, Ѓорчев, Милошоски, Груевски…), сите направија далеку побележити политички кариери од него (иако на некои од нив таков им е и крајот!), додека тој десетина пати се караше и се миреше со разни сопартијци, те на власт, те во опозиција. Се стекнува впечаток дека кај него нема цврста идеологија, туку повеќе се работи за некаков личен однос, извесна завист кон политички поуспешните, живеејќи во постојан грч дека нему сè нешто му следува, а неправедно, никако да го добие. Како да е во една бескрајна чекалница во која расипаниот часовник не мрда од пет до дванаесет, а Петровски е единствениот кој тоа не го забележува.

Можеби е време да му стане јасно дека никогаш нема да биде избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ? Можеби ако со тоа се помири, ако во таа смисла порасне, малку повеќе ќе си помогне и себеси и на окружувањето кое, во различни состави, е постојано жртва на неговото превисоко мислење за себе.

Ми се чини дека дел од причините за тоа лежат и во неговата постојана опседнатост со заговори, со тајни досиеја, со архивски материјали, со „реалности“ кои тој ги разбира, а другите не можат да ги видат, бидејќи не се посветени во алхемијата на конспиративната политика. Филип го има тој менталитет на шуш-буш конспиратор.

И покрај неговото политичко искуство – или, можеби, токму поради тоа – Петровски како да не разбра дека во политиката највисоко дотуркуваат оние кои работите ги третираат поапстрактно, дури и со извесна префинета, самоспасителна доза на игноранција за реалната поставеност на работите и за стварниот однос на силите. Ако се заморувате со сите озборувања, со сите „длабоки тајни“ на актерите и нивните комплексни релации и потенцијални „дупли игри“, веројатно можете да бидете добар аналитичар, вешт советник-комбинатор; но за добар политичар, за лидер, треба едно ниво на воопштеност кое потенцијалните поддржувачи ќе ги поштеди од постојаната потреба да ги споделуваат вашите секојдневни конфронтации и конфликти во светот на искршените политичко-безбедносни огледала на балканската политика.

Со други зборови, жал ми е да кажам, но аспирантите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ нема многу ќар да видат од осојузувањето со Филип Петровски, бидејќи тој не е во потрага по реформи, туку по власт во матичната партија. Тој наскоро во таа иницијатива ќе ја узурпира говорницата од Јове Кекеновски и од останатите продемократски активисти, и ќе почне да ја користи за свои лични политички потреби и интереси. И најдобронамерните прогнозираат кавга во тие редови за најмногу два-три месеци од сега.

Филип Петровски е таков, нема тука што многу да се прави. Како дете кое не може да порасне, во дејност за возрасни. Заглавен во политичката чекалница со расипан ѕиден часовник.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕдесницаидеологијанепријателипартиски другариФилип Петровскифрустрација
Share264Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ