• Latest

Филипче: 500.000 маски и 20.000 тестови се очекуваат како донација следната недела

March 26, 2020
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: 500.000 маски и 20.000 тестови се очекуваат како донација следната недела

March 26, 2020 17:02
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

„Следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на корона вирусот. Добивме одговор од повеќе донатори, преку норвешката Влада за респираторни машини, кои ги очекуваме на почетокот на април, а следниве денови ќе добиеме дефинитивен одговор и од Амбасадата на Кина, од која побаравме донација пред неколку недели“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Филипче потврди дека во последните 24 часа, заклучно со 12 часот денеска, дијагностицирани со корона вирус се 24 пациенти и тоа во Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1),  со што вкупниот број дијагностицирани со корона вирус изнесува 201 лице.

Најголем број случаи се во Скопје (123), по што следат Дебар (43) од кои двајца починати, Куманово (15) од кои еден починат, Штип (осум), Велес (три), Охрид (три), Кавадарци (два), Прилеп (два), Гостивар (еден) и Тетово (еден).

„Имаме пациент од Тетово кој од 9 до 23 март престојувал во Заводот за рехабилитација во Капиштец. По неговото враќање во Тетово заради зголемена температура направен е тест и тој преку тетовското инфективното одделение е препратен за хоспитализација на Инфективната клиника во Скопје. Денеска интензивно работеше тим епидемиолози, тестирани се 14 здравствени работници и четири пациенти имајќи ги предвид контактите“, рече Филипче.

„Еден пациент од Дебар, е пратен на домашно лекување во добра општа состојба со два негативни последователни теста и се подготвува испис на уште една пациентка од Скопје која исто така има два последователни негативни тестови  која ќе биде испратена на домашно лекување, со што има тројца излекувани и тројца починати пациенти“, објасни министерот

За пациентите во Штип рече дека се во добра состојба без некоја тешка манифестација на формата на болеста. Во текот на следните ден или два ќе се спроведе детален преглед и тестирање и на луѓето кои се затекнаа во Дебар, сега поминува 14-дневниот карантин, по што ќе бидат пуштени во градовите каде живеат.

Филипче најави дека од следната недела ќе има мобилните тестирања, подготовките траеле изминатите денови, денеска утре во текот на викендот ќе се селектираат уште пошироки групи согласно мислењето на епидемиолозите и тоа во подрачја, градови во кои сметаат дека тоа треба да се аплицира.

„Денеска во болницата во Куманово престојуваше наш експерт, професор од Инфективната клиника во Скопје кој детално разговараше со лекарите од инфективното одделение и со менаџментот на болницата. Разговараше за начинот на третман и прием на пациентите, организација на работа, делот за изолација, имајќи во предвид дека тука веќе има дијагностицирани асимптоматски здравствени работници, и во текот на утрешниот ден целосно ќе биде завршена анализата и согласно тоа и стратегијата за лекување Куманово ќе биде еден од првите градови во кои ќе се зголеми бројот на тестирања по мобилен пат кои што ги најавив претходно и ќе почне на почеток на следната недела“, додаде Филипче.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ