Излагање на Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, за Конференцијата „Перспективи 2021“, редовен годишен настан на ЦИВИЛ, овојпат, како дел од проектот „Европа е наш дом“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. На конференцијата учествуваа 20 говорници од низа општествени, академски и владини области.
„Интензивно се работи на новиот Клинички центар, верувам дека следната година навистина ќе почне со изградба. Верувам дека во период од 4 години веќе ќе го имаме и новото крило и на тој начин граѓаните конечно ќе имаат едно трајно решение што ќе служи во следните децении за да добиваат соодветно висок квалитет на здравствена заштита“, изјави Филипче, зборувајќи за многуте новитети што во областа на здравството ги очекува граѓаните во 2021 година.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети