Единаесет медицински лица од Кумановската болница се позитивни на коронавирусот. Еден позитивен на коронавирусот е и медицински техничар од Инфектината клиника. Две лица починале на Инфективната клиника, каде во моментов се хоспитализирани 67 пациенти, од кои 10 се со тешка клиничка слика, а останатите со средна и лесна. По два негативни резултати на тестови биле испратени дома тројца пациенти од Клиниката, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филиче.
-Во кумановската болница имаме 11 потврдени позитивни на коронавирусот. Оваа бројка во овој момент ја компромитира работата на инфективното одделение затоа што и претходно имаше еден здравствен работник диојагностициран. Поради тоа упатени се двајца доктори еден од Скопје и еден од болницата во Штип кои ќе ја организираат работата на ова исклучително важно одделение во овој момент, рече Филипче.
Тој појасни дека се уште траат епидемиолошките анкети заради тоа што, како што рече, има повеќе позитивни лица од уште две одделенија за рендген дијагностика и во делот на општите лекари кои ја покриваат дежурната служба.
-Врз основа на тие епидемиолошки анкети, а согласно тоа колку лица ќе бидат во самоизолација ќе се реорганизира и останатиот дел од болницата, односно другите одделенија. Согласно ова, согласно и денеска како и вчера одреден број нови дијагностицирани случаи во Куманово, денеска дискутираше и донесе одлука за продолжување на полицискиот час што ќе трае сега за викенд од вечерва 21 часот до понеделник 5 часот. Значи, целосно ќе биде ограничено движењето за време на викендот, а во работните денови почнувајќи од понеделник ќе биде како за време на викенд, односно наместо од 21 од 16 часот до 5 часот следниот ден, истакна министерот за здравство.
Ова појасни било дискутирано на вториот состанок на Комисијата за заразни болести после утринскиот и попладневниот, откога излегле резултатите од тестирањата.
-Сметаме дека со дополнителна рестрикција на движењето внатре во градот во општината Куманово имајќи предвид дека е веќе запрен меѓуградскиот превоз е нешто што дополнително може да овозможи ограничување односно спречување на патот на ширење на вирусот, истакна министерот Филипче.