• Latest
Венко Филипче, министер за здравство/Фото МИА

Филипче: Граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид

April 29, 2021

Македонски блок 2025: Доминантните наративи проширени и надградени

September 18, 2025
Фото: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Протест „Ниту една повеќе“: Институциите молчат – жените гинат

September 18, 2025

Неделковски ја брани власта со навреди и сексизам: „СДСКомуњарска, победете на избори па сменете ги Панче и Христијан – дотогаш, попуши ми изнад колена“

September 18, 2025

Проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)

September 18, 2025

Две години затвор за Лидија Димова, ќе треба да врати 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

September 18, 2025

24 ЧАСА: ДИК, ДКСК и ДЗР со Меморандум за изборите; Ексклузивно со проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“; Пратеничките против насилство врз жени; Србија и Русија преговараат за нуклеарка

September 18, 2025

Рекорден број реакции на прашањето на ЦИВИЛ за воениот рок

September 18, 2025

Мицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди

September 18, 2025
Фото: МИА Архива

Жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија реакција за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените

September 18, 2025
Israel arrests people in West bank
Source: Al Jazeera

Масовни апсења на Израел во окупираниот Западен Брег

September 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид

April 29, 2021 12:51
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Венко Филипче, министер за здравство/Фото МИА

Венко Филипче, министер за здравство/Фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава се смирува епидемиолошката состојба со Ковид-19 и не е детектирана друга форма на вирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи во пресрет на велигденските празници граѓаните да бидат совесни и да ги почитуваат мерките.

Тоа што сега се случува, истакна министерот, оди во насока на смирување на епидемиолошката ситуација, а можност за прекршување на мерките и препораките имаше и досега има и од сега натаму. Значи тие посети во верски објекти, масовни собирања и тогаш кога не се дозволени во насока на прекршување се секогаш можни и секогаш од таму потекнуваат сите проблеми, во смисла на појава на мини кластери. Мора сите да сме свесни и со сопствен пример, имајќи ја предвид сопствената одговорност, да постапиме така како што треба во рамки на ова што сега значи живот со мерки, препораки, превенција итн., изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по донацијата од Словачка на Клиниката за детски болести во Скопје.

Според него, граѓаните мора да се свесни што треба да се прави, што не треба да се прави, како самите ќе придонесат за и понатаму епидемијата да спласнува, односно бројките да се намалуваат.

-Верските храмови се отворени, џамиите и црквите, и сега секојдневно ако има било какви служби итн. луѓето коишто не се придржуваат до превентивните мерки и не водат сметка за заштита на сопственото здравје, се изложени на ризик. Не може секогаш Владата да каже и да бираме помеѓу тешки рестрикции или целосно отворање или нешто помеѓу, а граѓаните да не се вклучат самите со своите постапки и со сопствената одговорност. И тоа е суштината, дека треба да функционираме и да живееме, рече Филипче.

Министерот за здравство потсети на учеството и на верските лидери на неколку заеднички состаноци и апелот верниците да се придржуваат до мерките или се што значи заштита на здравјето на граѓаните.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека освен британската кај нас не е детектирана друга мутација на вирусот.

-Меѓутоа, ако нешто е проширено веќе во европските земји и нема таму помеѓу тие европски земји никакви промени, тоа многу тешко ќе може да се спречи. И тука доаѓа во прв план одговорноста на граѓаните, каква и да е мутацијата, колку и да е пренослив тој сој на вирусот. Во таа смисла нема детектирано кај нас друга форма, освен британска, а тоа го покажуваат и последните анализи, на неколку недели ги прават анализите на геномот во двете  лаборатории. Така што остануваме на сегашните мерки, рече Филипче.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    242 shares
    Share 97 Tweet 61
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    233 shares
    Share 93 Tweet 58
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ