Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека денеска ја примил втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“.
– Денеска ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“. Вакцината е единствениот начин да се спречат компликациите и тешките облици на Ковид-19. Сите вакцини кои ги имаме во нашата држава се безбедни и ефикасни, апелирам до сите граѓани да се пријават за вакцинација, само така ќе го победиме вирусот, напиша Филипче.