• Latest
фото: СДСМ

Филипче: Ќе го поддржиме кој било предлог од Владата, кој би ја подобрил преговарачката позиција со ЕУ, потребен е национален консензус

May 27, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче: Ќе го поддржиме кој било предлог од Владата, кој би ја подобрил преговарачката позиција со ЕУ, потребен е национален консензус

May 27, 2025 09:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото: СДСМ

фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Кој било предлог од Владата, кој би ја подобрил нашата преговарачка позиција со ЕУ, ние ќе го поддржиме, но неопходно е ставовите да ги усогласиме преку дијалог на најголемите политички партии, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, меѓу другото, вели дека иницира лидерска средба не заради својот политички рејтинг, туку поради тоа што е потребен национален консензус и заедничко толкување на договорот и протоколите од летото 2022 година.

-Овие прашања во однос на преговорите со ЕУ, тоа е еден процес којшто ние не можеме да го занемариме. Тоа е еден процес којшто очигледно е дека различно се толкува, различно се прикажува, се користи за партиски ПР пред или после секој изборен циклус. Мислам дека по примерот на други земји, за тоа прашање е многу важно да имаме заеднички ставови“, изјави Филипче.

Осврнувајќи се на начините за деблокада за кои деновиве зборуваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а кои предвидуваат носење декларација од Европскиот парламент за афирмација на македонскиот идентитет и јазик, став од Советот на ЕУ дека историската комисија не може да биде основа за вето во текот на преговорите (или потпишување трет протокол со Бугарија), како и спроведување на некоја од пресудите од Стразбур за формирање здружение на Македонците кај источниот сосед, Филипче вели дека не само што ќе се согласат туку и ќе се заложат за такво нешто во европските институции.

-Што и да биде од ова на масата, кој било предлог, ние ќе дадеме поддршка. Еве, ќе се ангажираме во Европскиот парламент преку групата на социјалисти и демократи таков еден документ, декларација или како и да се вика тој документ, да биде изгласан. Час поскоро. Иако сметам дека за историската комисија е јасно дефинирано дека не влијае на преговорите, еве, се согласувам, апсолутно, ако може убаво да се дефинира и јасно да стои во некој нов, трет протокол, како што најави претседателката, ние даваме поддршка, наведува Филипче.

Во однос на обвинувањата од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека блокираниот ЕУ-процес е последица на политиките на претходната влада, претседателот на СДСМ вели „тоа е завршена работа и цената ја плативме на изборите“.

-Жалам што премиерот одби лидерска средба. Сметам дека малку е лицемерно ден-два претходно да повикува на национален консензус, а притоа да не е спремен на маса да дебатираме што е важно за националниот консензус, кои се тие прашања околу коишто треба да се обединиме, да постигнеме консензус за да можеме да продолжиме напред и притоа да водиме сметка дека ние не сме бинационална туку мултинационална држава, посочува Филипче.

Тој појасни дека токму на денешниот состанок на Националниот совет за евроинтеграции го презентирал предлогот за како да се надминат отворените прашања поврзани со преговарачката рамка. Како клучен пример посочи еден од протоколите во рамки на францускиот предлог.

-Еден од протоколите во рамките на францускиот предлог, којшто го содржи и образложува работењето на историската комисија, практично кажува дека работата на историската комисија воопшто не е предуслов за нашите преговори во еден момент да бидат запрени, истакна Филипче.

Според него, ваквите дилеми бараат јасна дебата и вклучување на стручна јавност за да се види дали различно го толкуваат протоколот. Тој апелира да се викнат експерти, укажувајќи дека стагнацијата во евроинтегративниот процес има реални последици.

-Едноставно, сметам дека на овој начин владата не прави ништо – ние стагнираме. Црна Гора и Албанија одат напред. Времето ќе помине за час – за две-три години, една од овие или двете земји веќе ќе бидат на прагот на Европската Унија, тоа ќе биде многу фрустрирачки за народот којшто живее тука, предупреди тој.

За договорот влада со влада со Британија, тој укажа на тоа дека сè уште не и е познат на јавноста, иако станува збор за историски највисока сума на задолжување под нејасни услови, што прави сомнеж за целиот процес. Филипче, изрази сериозна загриженост, како што вели, за нетранспарентноста и потенцијалната нерамноправност во изборот на компании за реализација на стратешките инфраструктурни проекти.

-Законот за јавни набавки во овој случај нема да може да важи. Со самото тоа што однапред знаеме дека ќе учествуваат британски фирми, тоа значи дека многу веројатно тие се предодредени, истакна Филипче.

Дополнително, тој потенцираше дека за проекти кои ги надминуваат мандатите на една влада мора да се постигне поширок политички договор. Како пример за ваков пристап, тој го посочи обидот за заедничка работа на проектот за новиот клинички центар.

Во однос на предлог-законот за помош на семејствата погодени од трагедијата во Кочани, кој што, вели, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше, Филипче порача дека предлогот нема никаква врска со ПР или политичка калкулација.

-Нема ни ‘П’ од популизам во овој закон – тоа се реални потреби. Тоа за Кочани оваа Влада што го прави е греота. На луѓето стварно им е потребна помош и поддршка, вели Филипче.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ систематски блокира закони што се во интерес на граѓаните: „Не поддржаа закон за минимална плата, за плата на работниците во приватниот сектор, за ДДВ на храна, за ДДВ на струја – ниту еден закон што го олеснува животот на граѓаните оваа Влада не поддржува“, рече Филипче. 

Фото: СДСМ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ