• Latest

Филипче:Нема ниту обид за провизии, ниту е нешто нелегално направено со кинеските вакцини

April 28, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче:Нема ниту обид за провизии, ниту е нешто нелегално направено со кинеските вакцини

April 28, 2021 15:08
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Нема ниту обид за провизии, ниту обид нешто да биде нелегално направено. Нема таква исплата од 12 милиони евра, тоа го проверува и ДКСК, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговорот на прашањето поставено на денешната седница за пратенички прашања од пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески во однос на набавката на вакцини од Кина.

Појасни дека процесот на набавка на вакцини бил комплексен за сите земји во светот, не само за нашата и сите имале слични карактеристики, сите компании, производители, сите меѓународни системи и меѓународни институции, а тоа, подвлече Филипче, беше дека прво одеа според големината на пазарот и понатаму го запазуваат, по нивно инсистирање принципот на доверливост, нешто што не е невообичаено и во други делови, не само во здравството. Фармацевтските компании го задржаа ова право да ги имплементираат во сите земји во светот.

– Процесот на вакцинација одлично се спроведува во земјава, близу 55 илјади граѓани денеска веќе се вакцинирани. Функционира КОВАКС системот од кој сите ние многу повеќе очекувавме, за жал почна нешто покасно и сега се става во функција во сите земји во светот согласно правилната распределба согласно динамиката што е веќе соопштена. Во таа смисла во нашата земја во моментот има вакцини од производителот Астра Зенека, од Фајзер, Спутник и кинески вакцини дел од донација, а дел се очекуваат в петок наутро од 200 илјади вакцини, изјави Филипче.

Повтори дека кога се обидувале да ги контактираат компаниите, многу од нив не одговарале, а на 30 декември кога Фајзер соопштиле дека ќе дозволи да направат договор, и после три месеци требало договорот да се финализира на нивно барање. Филипче подвлече дека такви биле постапките, процедурите и правилата што важат насекаде во светот. Информира дека многу компании им кажале оти не се согласуваат да дадат вакцини за големина на пазар како нашиот.

– Кинеските компании во еден момент не одговараа на повиците, затоа најдовме фирми што не донесоа до производителите и воопшто не се фантомски. Нема таква исплата од 12 милиони евра, тоа го проверува и ДКСК, ние сме отворени и транспарентни во таа соработка и немаме што да скриеме, рече Филипче, додавајќи оти нема ниту обид за провизии, ниту обид нешто да биде нелегално направено и за никакви разлики.

– За сите вакцини од сите производители, сите одлуки за доверливост на затворена седница ги носеше Владата, на барање на компаниите на производителите кои не сакаа да ги откријат цените. Тоа е политика на тие компании, истакна министерот Филипче.

Уште еднаш повтори дека системот на вакцинација одлично се спроведува на вакциналните пунктови низ државата и здравствените домови.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ