• Latest

Филипче: Она што сакаме е линеарен пораст на нови пацинети, стратегијата дава резултати

April 7, 2020

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Она што сакаме е линеарен пораст на нови пацинети, стратегијата дава резултати

April 7, 2020 20:57
in КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Линеарен пораст на нови пациенти е она што го сакаме. Стратегијата што ја применуваме е одлична и таа дава резултати и треба да се почитува, порача министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување во Топ тема на ТВ Телма. Тој истакна дека е автентичен и добар модел за нас затоа што еден скрининг на населението во оваа фаза може да даде лажно негативни резултати и со тоа да попушти притисокот кај луѓето да не се почитуваат мерките.

-Во фаза сме кога секојдневно имаме сличен број на дијагностицирани. Линеарниот пораст е нешто што секоја земја сака да го постигне. Тоа значи да не се случи болничките установи да не можат тоа да го издржат. Такво сценарио се случи во северна Италија. Тоа беше сериозно претотоварување на болниците со пациенти кои се за на интензивна нега, рече Филипче.

Според министерот, мерките што се имплементирани  дозволија да сме во фаза во која кривата е релативно блага. -Не е стрмна што нема да може да издржи здравствениот систем и тоа е целта на мерките што значат ограничување на ширење на вирусот, а и свеста кај населението е поголема, вели Филипче.

Тој појасни дека тестирањето и на оние кои немаат симптоми може да даде лажно негативни резулати, што може да доведе до тоа да не се почитуваат мерките.

Потенцира дека треба да се тестираат само пациенти што имаат симптоми и сите нивни контакти да се стават во изолација.

Министерот наведе дека ги знаат сите кластери и дека се е ставено на хартија.

Оценувајќи дека е најважно граѓаните да ги даваат вистинските податоци, рече дека вирусот го имаме најмногу од оние што дојдоа во земјава и не ги дадоа вистинските податоци, а и дека се прават анализи и на пациентите со сезонски грип, каде годинава има пораст во однос на вообичаената бројка до лани.

– Ги анализиравме  бројките на пациенти со сезонски грип  и за разлика од вообичаениот број  до минатата  година историски гледано повеќе години наназад биле околу 20  илајди, а оваа година се 37 илјади. Значи скоро  80 или 90 проценти повеќе заболени. Материјалите на тие пациенти кои се лекувале од сезонски грип и на кои се земале брисеви се анализирале за присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип, се уште се во Институтот за јавно здравје и тие може дополнително да се тестираат да се види  дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот. Меѓутоа сега целосно капацитетот е насочен на детекција на новите пациенти, затоа  малку поспоро ќе оди ова да се изанализира и да се направи некаква ретроспектива што може да даде поточни податоци, рече Филипче.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ