• Latest
Венко Филипче Фото: скриншот

Филипче: Вакцината на „Синофарм“ е подеднакво квалитетна и ефикасна како и останатите

May 1, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Вакцината на „Синофарм“ е подеднакво квалитетна и ефикасна како и останатите

May 1, 2021 01:11
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Венко Филипче Фото: скриншот

Венко Филипче Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Кинеската вакцина „Синофарм“, од која денеска во земјава пристигнаа 200 илјади дози и од вторник се очекува да започне масовната имунизација на населението, е подеднакво квалитетна и ефикасна и сосема безбедна, како и останатите, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

– „Синофарм“ во секој момент очекува одобрување за итна употреба од Светската здравствена организација (СЗО), но досега нема најави за нејзина регистрација од Европската агенција за лекови (ЕМА). Немаме најава дека кинескиот производител „Синофарм“ воопшто ќе аплицира во ЕМА. Но, тоа не значи дека вакцината не е квалитетна. Ги следиме студиите во коишто ефикасноста е исклучително висока и тоа за нас е сосема доволно, рече Филипче при гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Тој нагласи дека тоа што вакцината на „Синофарм“ не е одобрена од ЕМА, не е показател за нејзиниот квалитет или безбедност, додавајќи некои од производителите на вакцини не аплицираат во ЕМА, но нивната безбедноста и ефикасноста ги испитуваат во други контролни лаборатории.

– Не е тоа нешто што треба да загрижува, ниту пак е индикатор за безбедноста на вакцината. Кај нас се земаат предвид сертификатите за кои стручните лица сметаат дека се соодветни, а такви сертификати за квалитет кои ги издаваат и производителите и контролните лаборатории на барање на производителите ги имаат сите вакцини, дури и оние коишто во моментов од различни причини не се одобрени од ЕМА, додаде Филипче.

Северна Македонија е четврта земја во Европа што ќе ја користи вакцината на „Синофарм“, по Унгарија, Србија и Турција, но, како што нагласи Филипче, таа се употребува во цела Јужна Америка, Мексико и речиси половина од земјите на африканскиот континент и во сите држави во Азија.

Министерот Филипче потенцира дека досега ниту една западноевропска земја, ниту САД, не ни имаат упатено никаков приговор поради одлуката за набавка на вакцини од Кина.

– Јасно и експлицитно, во нашите многу чести разговори со сите амбасадори на западноевропските земји и САД, беше кажано дека нашата земја треба да направи се за што поскоро да стигнеме до вакцините и ние тоа го правевме, рече Филипче.

Според него, би било добар знак владините претставници да се вакцинираат со онаа вакцина, со која ќе се имунизира најголемиот дел од населението, а во сегашниов случај тоа е дозата на „Синофарм“. Филипче нагласи дека лично апсолутно нема никаков проблем со која вакцина би се имунизирал, ниту пак преферира некоја посебно.

Запрашан дали ќе биде потребна и трета доза од вакцинација со „Синофарм“, затоа што во светот се регистрирани случаи лица вакцинирани и ревакцинирани со таа вакцина да немаат антитела, Филипче одговори дека ќе се постапи онакака како што ќе излегуваат сознанија врз основа на анализите.

–  Точно е дека за некоја вакцина има детекција на антитела порано, за некоја нешто подоцна, но кога се анализира ефикасноста и како тоа ќе се манифестира на целата пандемија, мислам дека допрва ќе видиме. Но, ефикасноста на сите вакцини коишто се во моментот на располагање е стопроцента во заштита од тешка форма на болеста, односно смртен исход, додаде Филипче.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ