Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширањето на коронавирусот и спасувате животи. Граѓаните во период на инкубација може да се преносители на болеста, а да не се свесни за тоа. Доколку имате симптоми, не се доближувајте до повозрасните, кои се во најголем ризик од овој вирус,препорача министерот за здравство, д-р Венко Филипче насвојот службен профил на фејсбук.
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2344799439160409/?type=3&theater