Во Кино Култура вечер од 19 часот ќе се одржат две отворени филмски проекции и дискусија во рамки на фестивалот на документарен филм „Movies that Matter“.
Ќе бидат прикажани меѓународно наградуваните филмови „What Tomorrow Brings?“ (Што носи иднината?) и „Who’s Gonna Love Me Now?“ (Кој ќе ме сака сега?)
Помеѓу филмовите ќе има дискусија посветена на темите кои ги обработуваат – пристапот до образование, детските права, еднаквоста, ЛГБТ-правата и здравјето.
На дискусијата ќе зборуваат: Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија, Јована Ананиевска, програмска раководителка во Х.Е.Р.А. и Неда Чаловска, правен советник во Хелсиншки комитет за човекови права. Фестивалот е во организација на Младински образовен форум и Амбасадата на Кралството Холандија.
Програмата на настанот е отворена за сите посетители, влезот на проекциите е бесплатен, а филмовите ќе бидат со превод на англиски јазик.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.