• Latest

Финансиската полиција ја тужи Русковска, за Гутереш, секој напад на нуклеарна централа е „самоубиствен“, стивна оружјето во Газа

August 8, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Финансиската полиција ја тужи Русковска, за Гутереш, секој напад на нуклеарна централа е „самоубиствен“, стивна оружјето во Газа

August 8, 2022 16:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје

Управата за финансиска полиција денеска поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во која, како што информираат, се опфатени сите обвинители за кои сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување во предметот по кој беше извршен претресот во Управата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Антонио Гутереш: „Секој напад на нуклеарна централа е „самоубиствен. Се надевам дека тие напади ќе престанат. Во исто време, се надевам дека МААЕ ќе може да добие пристап до централата“, предупреди Генералниот секретар на ОН, мислејќи на новото гранатирање на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

За да организираат лажен референдум во регионот Керсон, руските напаѓачи се обидуваат да ги купат „гласовите“ на локалните жители.

„Окупаторите сакаат да ги „купат“ гласовите на жителите на регионот Керсон пред да одржат лажен референдум“, објави Регионалната воена управа на Керсон на Фејсбук.

*

Зборувајќи за „саботажа“ од украински учители во окупираните области на регионот Запорожје, пропагандистот Сергеј Мардан предложи Русите да прибегнат кон тортура и убиства на Украинци, како и да изградат работен логор од типот Гулаг за пркосните учители. Соодветното видео од радио емисија на руското радио Комсомолскаја Правда е достапно на ЈуТјуб

*

Меѓународните инспектори треба да добијат пристап до нуклеарната централа Запорожје, побара во понеделникот (8-ми август) генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, откако Украина и Русија меѓусебно се обвинија за гранатирање на објектот.

*

Никој во светот не може да се чувствува безбеден кога терористичката држава – Русија – ја гранатира нуклеарната централа Запорожје, и во моментов е потребен принципиелен одговор од меѓународната заедница на руските напади, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРИМИРЈЕ Примирјето меѓу Израел и Исламскиот џихад, што стапи на сила доцна синоќа, траеше во текот на ноќта, а израелската армија утринава објави дека ќе почне да ги укинува ограничувањата наметнати на жителите на областа во близина на границата на Појасот Газа.

ПОЖАРИ Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“

ИНТЕГРАЦИИ Непосредна задача на бугарското Министерство за надворешни работи во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија ќе биде усвојување на писмен документ, што ќе ги дефинира задачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски, изјави шефот на бугарската дипломатија Николај Милков.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одбележат 21-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај месноста Карпалак.

РАНГИРАЊЕ Во годишниот извештај на „Global Firepower“ во кој се рангира воената моќ на секоја земја, први на листата се САД, втора е Русија, по што следуваат Кина и Индија. Во топ десетте најсилни армии уште се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил. Северна Македонија е на 135 место.

КАМПАЊА Во какво општество живееме зависи од секој од нас. Секој од нас би требало да биде одговорен во делот на позицијата што ја има. И тоа е главната порака на кампањата што со мојот Кабинет ја реализираме под насловот „Зависи од мене и тебе“. Дали ќе одиме напред зависи од сите нас.

КОВИД 19 Пад на новозаболени на неделно ниво има во повеќето европски земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија со 23 отсто помалку случаи во однос на претходниот седумдневен период.

 

БРЗА ПОШТА

Катерина Колозова

Упорно се протестира зошто Србија добила толку повеќе од останатите од Стратешкиот инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан од 2020. Тој план беше компетитивен, се тркаме за тие пари и имаше услови: Јасно пишува дека тие инвестиции треба да водат кон ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА ИНОВАЦИЈА, комплетна дигитализација на пазарот, и длабоки образовни реформи – за да се развие меѓународната и истражувачка компонента, врзана за дигитализација на целиот систем, пишува Катерина Колозова во објавата „ Србија ги заслужи парите од ЕУ“.

СЛОБОДНА ЗОНА 

Никица Корубин

За жал, и прашањето и одговорот, со години многу површно и приземно се сведени на едно: пари. И затоа не е прашањето дали и колку културата е слободна кај нас, туку дали и колку е финансирана од државата? Речиси целосно. Ние имаме државна култура, дури и онаа која себе си се нарекува „независна сцена“ е, всушност, длабоко „државна“, но не како некаква суштинска поврзаност со државата во уметнички наратив, туку речиси како целосно финансиски зависна. И тоа е проблемот над проблемите, пишува Никица Корубин во колумната „Цензура на парите“.

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ