• Latest
Никица Корубин

Цензура на парите

August 8, 2022

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Цензура на парите

За жал, и прашањето и одговорот, со години многу површно и приземно се сведени на едно: пари. И затоа не е прашањето дали и колку културата е слободна кај нас, туку дали и колку е финансирана од државата? Речиси целосно. Ние имаме државна култура, дури и онаа која себе си се нарекува „независна сцена“ е, всушност, длабоко „државна“...

August 8, 2022 14:17
in КУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

НИКИЦА КОРУБИН

Во напливот на низа површни дебати деновиве, особено е интересна онаа за културата и најновата хистерија, онаа за „цензурата на културното творештво“ и „забраната за слободна уметност“. Добро е, се сети некој на културата, иако во чисто манипулативен, а и лукративен контекст. Како продолжеток на разобличувањето на „страшниот протокол (записник)“. Последна „храна“ за јавноста е: „ќе ни ја избришат културата“, откога претходно се разбира „ни го избришаа јазикот, идентитетот и сè останато“.

Па, само културата остана, а ние традиционално, многу загрижени за неа. Толку, што сите одамна заборавија дека новиот Закон за култура мистериозно исчезна од собраниска процедура. Новиот Закон за заштита на културното наследство никогаш и не дојде до собраниска процедура, а инаку неколку години последователно барање и од страна на ЕУ. Заборавија на Охрид како заштитено подрачје на УНЕСКО. Заборавија на сите ад-хок активности за „заштита“ на аквадуктот, Курбиново, заборавија на сите егзибиции за приоритетите во културата.

Ама, се потсетија на културата кога таа дојде на дневен ред на „заштита на идентитетот“ и продолжената пост анти-ЕУ анатема, за „освестување на народот“ на што тоа државата се обврзала. „Уметниците ја изгубиле слободата за творење“, „за што сега ќе творат“, кога се поставуваат „забрани и замислете, цензура во 21 век“. И не е прашањето, што твореле до сега, како секогаш актуелна дебата на себе-преиспитување и како до сега ја пронаоѓале сопствената тема, инспирација, метафора, симболика; кои прашања и никогаш не се поставени; туку како всушност се разбира улогата на државата во она што се подразбира како култура.

За жал, и прашањето и одговорот, со години многу површно и приземно се сведени на едно: пари. И затоа не е прашањето дали и колку културата е слободна кај нас, туку дали и колку е финансирана од државата? Речиси целосно. Ние имаме државна култура, дури и онаа која себе си се нарекува „независна сцена“ е, всушност, длабоко „државна“, но не како некаква суштинска поврзаност со државата во уметнички наратив, туку речиси како целосно финансиски зависна. И тоа е проблемот над проблемите.

И пред тој проблем сите молчат и мижат. Уметниците во својата „лагодност“, а властите во своите механизми, механизми за „социјален мир“. Затоа што, вака поставен, односно применет, системот на финансирање во културата е сведен на систем на субвенции, со формален сет на критериуми, а суштинска примена на моделот „за секого по малку“. Иако и постојниот закон за култура вели поинаку. А, тој вели дека државата го финансира само „националниот интерес во културата“.

ФИНАНСИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА

Член 60

(1) Финансирањето на националниот интерес во културата се врши со средства од Буџетот на Република Македонија во согласност со овој закон.

(2) Министерството за култура со средствата од ставот (1) на овој член ја финансира работата на националните установи во културата и учествува во финансирањето на проекти од национален интерес во културата на други правни и физички лица. …

Член 61

(1) За остварување на националниот интерес во културата во согласност со Националната стратегија, Министерството за култура донесува годишен план за остварување на националниот интерес во културата…

Како тогаш државата може било што да цензурира и забрани, кога таа и според закон не треба и не смее да финансира сè, односно ништо освен „националниот интерес“? Со други зборови таа секако финансира селективно, теоретски, затоа што праксата го покажува спротивното, целосна неселективност. Но, зошто уметниците би биле засегнати, во слободата на сопственото творештво, што финансира, а што не финансира државата? Таа не е „цензор на идеите“, таа е само „цензор на парите“. Дали некој им забранил да творат со сопствени средства, со финансирање од други извори, со донации, со било каков вид на помош, надвор од државата? Не. Ама, веројатно ретко кој и се обидел. Затоа што полесно е државата да се грижи за сè. Затоа што демократијата, освен што значи слобода на мисла, означува и слобода на избор. Доколку државата не финансира некоја уметничка замисла, тоа не значи дека таа е забранета, туку дека, согласно постоечката законска регулатива не е „национален интерес“.

И затоа, кога веќе сме на делот култура, во серијалот „како да ја закочам ЕУ перспективата“ со секогаш успешниот наратив „ништо не чини, од ова држава не бива“ на сопствено себе-потценување и самодеградирање, не е лошо да се потсетиме: имаме нефункционален систем на заштита на културното наследство, застарен модел на финансирање на културата, слаба и зависна независна сцена, узурпиран културен амбиент, лукративност и неодржливост, партизација на институциите, отсуство на стратешки пристап.

Културата е она што сме ние. Ако ние се сведеме на „плати, проекти и субвенции“ наместо „квалитет, креативност, одржливост и визија“, и ќе нема што да се забрани, затоа што ќе нема и што да се создаде, надвор од партократско-квазинационалистичката логика. Слободата е прашање на избор, а државата треба да биде само сервис, а не извор на „идеи и пари“.

Затоа, ако сакате да ја заштитите државата и системот, тргнете се од неа и од целосната зависност. Таа може без некои од вас, а вие морате да можете и без неа. Во име на слободата на мислата и на делувањето. Не е сè до парите и привилегиите, барем во културата, пред сè, е до идејата. Идејата каде сме, што правиме и каде одиме.


Текстот е личен став на Авторката.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ