• Latest

Финансиската полиција врши проверки за случајот со обид за измама со поврат на ДДВ од нафтени компании

January 16, 2024
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Финансиската полиција врши проверки за случајот со обид за измама со поврат на ДДВ од нафтени компании

Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека доставила Известување до надлежното јавно обвинителство во врска со информациите со кои располага до овој момент во однос на предметот со  нафтени компании кои со лажни фактури се обиделе да го оштетат државниот Буџет

January 16, 2024 18:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека доставила Известување до надлежното јавно обвинителство во врска со информациите со кои располага до овој момент во однос на предметот со  нафтени компании кои со лажни фактури се обиделе да го оштетат државниот Буџет, а за кој вчера детали изнесе Управата за јавни приходи.  Најавува дека  по комплетирање на проверките  ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежниот јавен обвинител.

Управата за финансиска полиција наведува дека за конкретниот предмет активно соработува со Управата за јавни приходи.

-Од страна на Управата за финансиска полиција се превземаат мерки и активности кои се однесуваат на утврдување на сомненија за сторени кривични дела во нејзина надлежност. Согласно Законот за кривична постапка доставено е Известување до надлежното јавно обвинителство во врска со информациите со кои располагаме до овој момент. Имајќи во предвид дека сите дејствија преземени во предистражната постапка, согласно член 289 од Законот за кривична постапка, се сметаат за тајна, за добиените пријави и сознанија на евентуално сторени инкриминирани дејствија од страна на физички и правни лица, по комплетирање на проверките Управата за финансиска полиција ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежниот јавен обвинител, наведува Упрвата за финансиска полиција во соопштение.

УЈП вчера објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход, во износ од 160.117.130 денари, односно 18. 969.998 денари. За овие случаи  како што рекоа од УЈП, доставиле писмени пријави со докази до Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година. 

Директорката на УЈП во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека „поради законска забрана од 2006 година УЈП не може да ги соопштиме имињата на даночните измамници.

„Даночна тајна“  е во Законот за даночна постапка уште од 2006 година.  И многупати недисциплираните, злосторничките здруженија и бизнис функционирањето меѓу компаниите не можеме да го објавиме поради обврската по овој закон.  Листата на должници исто така е предвидена во законот за даночна постапка, дека можеме да ги објавуваме износите кои што ги должат должниците и нивните имиња. Транспарентноста според оваа „даночна тајна“ е ограничена,“ рече директорката на Управата за јавни работи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во Топ Тема на ТВ Телма.

Таа информираше дека за случаите со трите компании не станува збор за големи компании туку за мали и средни. Додека добавувачите се големи и средни компании.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ