Финска и Шведска денеска истовремено ги предадоа нивните официјални писма со барање за приклучување кон НАТО.
Писмата ги предадоа финскиот амбасадор во НАТО Клаус Корхонен и неговиот шведскиот колега, амбасадор во НАТО Аксел Вернхоф, до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во седиштето на Алијансата во Брисел.
Столтенберг топло ги поздрави барањата, велејќи дека „ова е добар ден, во критичен момент за нашата безбедност“.
Секој народ има право да си го избере својот пат. Вие го направивте вашиот избор, по темелни демократски процеси. Топло ги поздравувам барањата на Финска и Шведска за влез во НАТО. Вие сте нашите најблиски партнери, а вашето членство во НАТО би ја зголемило нашата заедничка безбедност, изјави Столтенберг.
Столтенберг најави дека сојузниците сега ќе ги разгледаат следните чекори на патот на двете земји кон НАТО.
Според Столтенбсрг, треба да се земат предвид безбедносните интереси на сите сојузници, и тие се решени да работиме на сите прашања и да дојдеме до брзи заклучоци.
На патот за членство на Финска и Шведска во НАТО сега стои Турција, која постави десет услови за да нема приговори за приемот на Шведска и Финска во Алијансата.
Д.Мишев